Дадилка - полно работно време - Амстердам

За компанијата: „БЕЈБИСИТИНГ СЕРВИС“е компанија основана со цел на родителите да им овозможи висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со коишто на... повеќе за компанијата »

Бараме талентирани личности кои ќе станат дел од нашиот тим

Бараме личност со амбиција и желба да ни се придружи во нашата работа во згрижување, нега и едукација на деца. Ние сме компанија основана со цел на родителите да им овозможиме висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со коишто на детето му се овозможува развивање на социјални, општествени и комуникативни способности. Ние ја почитуваме различитост и индивидуалноста на секое дете и секое семејство. Модерно и современо време е исполнето со предизвици како за децата така и за родителите и нашиот тим е посветен да пружи висококвалитетна услуга кон нашите клиенти.

Нашата компанија расте и за потребите на нашите клиенти и нашата агенција објавуваме оглас за вработување на

ДАДИЛКА – негувателка на дете во домот на семејство, град АМСТЕРДАМ, ХОЛАНДИЈА полно работно време, 3 месеци со можност за продолжување (македонско семејство)

Дадилката ќе биде вклучена во сите активности коишто се однесуваат на грижа и нега на детето во домот на семејство, вклучувајќи секојдневна (понеделник-петок) грижа и нега на детето, едукативни активности и придружување на детето. Секое семејство има различни побарувања и очекувања, што значи дека и секоја негувателка има релативно различен фокус во својата работа. Возраст на детето, начин на исхрана, омилени активности или посебни потреби се фактори кои имаат влијание на организација на секојдневните активности. Меѓутоа без оглед на посебните услови, висококвалитетна грижа и нега на детето е приоритет за секоја дадилка.

Почеток на ангажман: април 2017 година

Работно време: 08:00 - 18:00 часот(понеделник - петок)

Плата: 400 евра за еден месец 

Клучни одговорности на дадилката:

  • Грижа и нега на децата 1,5 година и 7 години

  • Подготовка на оброци за детето и хранење

  • Бањање, облекување и пресоблекување

  • Помош на детето околу лична и општа хигиена

  • Носење/возење детето на дополнителни активности

  • Организирање на денот

  • Овозможување на едукативни игри согласно возраста и развој на детето

  • Учење на бои, букви, броеви

  • Учење на навики, однесување и општа култура

  • Изработка на модели, работа со пластелин, колажи и друго

  • Читање на книги

  • Помош околу домашни задачи

  • Прошетки во парк, ЗОО и друго

  • Одржување на детска соба и простор за играње

  • Грижа за играчки и детски алишта

  • Одржување на кујната

  • Пружење алишта и пеглање

Квалификации и вештини:

  • Минимум средно образование ( високо образование и насочено образование ќе се смета за предност)

  • Одлични комуникациски вештини

  • Препораки од претходни работодавачи

  • Минимум 2 години претходно искуство како негувателка (во градинка или домот на семејство)

  • Посветеност на професијата, континуирана едукација и напредување

  • Познавање на странски јазик ќе се смета за предност

Нудиме:

Бесплатни: престој во посебна соба во домот, повратен авио билет, храна и интернет.

Ние нудиме можност за долгорочно вработување, напредување и надоградување. Дадилките во агенција имаат можност за соработка и работа во странски и домашни семејства. Надоместоци и плати во нашата агенција се мотивирачки и вклучуваат освен плата и можност за едукација и присуствување на домашни и меѓународни обуки во наведена област. Ангажманот ќе започне од февруари 2017 година.

Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија електронски најдоцна до 10 март 2017 година.

Сите апликации и пријави ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со Закон за заштита на лични податоци.

[најави се за да го видиш е-маилот]

[најави се за да го видиш е-маилот]

www.babysittingmk.com

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »