Инженер за оперативна поддршка

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје,  која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата Хеленик Петролеум и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:

Инженер за оперативна поддршка (Реон Скопје)

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Следење, одржување и подобрување на квалитетот на нафтените деривати во складишните резервоари во ОКТА и на бензинските пумпи на ОКТА, на основа на резултатите од лабораториските анализи и законските прописи за квалитет на горива по сезони;
  • Следење на планираните количини за снабдување на нафтените деривати во ОКТА и организација на активности во врска со дневно планирање на приемот, складирањето, дистрибуцијата и проверката на квалитетот на нафтените деривати во соодветни лаборатории за испитување на квалитетот;
  • Организација и координација на технолошките процеси за омекнување на вода, снабдување на ОКТА со вода, производство на техничка и хидрантска вода и обработка на отпадните води;
  • Следење на примената и потрошената количина на вода, квалитетот на хлорираната и нехлорирана вода, количината и квалитетот на испуштена отпадна вода, набавката и потрошувачката на хемикалии;
  • Анализа на техничко–технолошки податоци со цел подобрување на економичноста на технолошките процеси како и обезбедување добра, безбедна и економична работа на постројките;
  • Изготвување на работни упатства и процедури за раководење со технолошките процеси, измена и дополнување на истите;
  • Организација на обработката на податоци, издавањето на извештаи и предлозите за оптимизација на работењето на различните постројки и работни единици во рамките на оперативните сектори;
  • Периодични проверки на спремноста на сменскиот персонал;
  • Контрола на функционирањето на постројките, редовното пуштање во работа на постројките и решавање на хаваријните ситуации;
  • Планирање и реализација на редовни и вонредни ремонтни активности и старт на постројките после нивна реализација;
  • Водење грижа за редот, чистотата и дисциплината во објектите и нивната околина;
  • Примена на законски и други прописи од одредена област;
  • Извршува други задачи во доменот на стручната квалификација.

БАРАНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  •  Висока стручна спрема – ВСС, Технолошко-металуршки факултет – Органски насоки, Природно – математички факултет – насока Хемија;
  •  Претходно работно искуство не е задолжително. Доколку кандидатот има претходно работно искуство во делот на работа со нафтени деривати, работа со пречистителни станици за отпадна вода, работа со хемикалии и сл. истото ќе се смета за предност;
  • Познавање на видови и својства на дериватите ќе се смета за предност;
  •  Познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
  •  Познавање деловен англиски јазик;
  •  Возачка дозвола, Б-категорија

БАРАНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ

  • Посветеност и самоиницијативност;
  • Добри комуникациски и организациски вештини;
  • Педантност и спретност;
  • Аналитички способности;
  • Ориентираност кон тимска работа;
  • Кооперативност и одговорност;
  • Способност за логицирање;
  • Вештина за донесување одлуки;

ПОНУДА:

  • Работа во позитивна средина со можност за напредување
  • Конкурентна нето плата
  • Интерна обука со постојан надзор од инженер
  • Полно работно време од 07:00-15:00 часот
  • Организиран превоз од компанијата, до и од работно место
  • Организирана исхрана од компанијата

Други бенефиции согласно политиките на компанијата.

 

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата „ИНЖЕНЕР ЗА ОПЕРАТИВНА ПОДДРШКА“ за која аплицирате.

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »