Менаџер за управување со ризици

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Триглав осигурување Живот

oбјавува оглас за пополнување на 1(едно) работно место

Менаџер за управување со ризици

Квалификации:

  • Минимум 2 години работно искуство во финансиска институција во областа за Управување со ризик;
  • Високо образование - завршен Економски факултет/насока: Сметководство и ревизија, Финансиски менаџмент или Осигурување;
  • Познавање на финансиско работење;
  • Одлични аналитички способности;
  • Познавање на работа во Microsoft Office;
  • Одлично познавање на Англиски јазик.

 

Опис на работно место:

  • Координира и подготвува стратегија за управување со ризици согласно законска регулатива;
  • Подготовка на прописи и акти во областа на управување со ризици;
  • Го следи и унапредува системот за управување со ризици
  • Ги проценува, мери и ги ублажува ризиците во Друштвото;
  • Ги следи сите законски промени во врска со управување со ризици;
  • Подготовка на анализа за изложеност на ризици во Друштвото и лимит на вложување во Друштвото.

 

Услови:

  • Избраните кандидати ќе работат со полно работно време - неделното работно време е 40 часа;
  • Континуирано посетување на обуки;
  • Можност за напредување и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА                                       Триглав осигурување Живот АД Скопје

-биографија (CV)

-мотивационо писмо

Заинтересираните кандидати се молат своите пријави да ги достават најдоцна до 31.12.2021година на адреса: Булевар 8-ми септември, бр.18 кат 2, 1000 Скопје или на е-mail адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] ,

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате Вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Триглав Осигурување Живот, АД Скопје, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност. Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »