Специјалист за плата и персонална администрација

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Поради проширување на својот тим, имаме потреба од: Специјалист за плата и персонална администрација

Потребни квалификации:

  • Универзитетско образование
  • Напредно користење на MS Office (со акцент на MS Excel) и електронски алатки за човечки ресурси
  • Високо развиен тимски дух и самоиницијативност

Одговорности:

  • Поддршка во процесот на изготвување на плата
  • Подготовка на документацијата согласно законската регулатива, политика за плата и политика за персонална администрација
  • Учествување во подготовка на извештаи и метрики за донесување на одлуки со компензации и бенефити на вработени
  • Континуирано следење и анализа на плати (интерно и екстерно споредување“benchmark”), како и утврдување на сложеност на работни места и градација на плати
  • Дава поддршка во делот на персоналната администрација

Што нудиме:

  • Стимулативна плата и бенефиции
  • Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
  • Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
  • Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и континуирани обуки
  • Работно време: Понеделник - Петок; (флексибилно работно време)

Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Специјалист за плата и персонална администрација на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »