УПРАВИТЕЛ НА ДРУШТВОТО

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Друштвото РАДЕ КОНЧАР ЗАЕДНИЧКИ ДЕЈНОСТИ ДОО Скопје, со седиште на бул. Трета Македонска Бригада бр. 50 А Скопје (во натамошниот текст: Друштвото), објавува оглас за:

  • УПРАВИТЕЛ НА ДРУШТВОТО

УПРАВИТЕЛОТ НА ДРУШТВОТО ИМА ОБВРСКА:

  • Да го застапува, претставува и потпишува Друштвото;
  • Предлага на собирот на содружници годишна деловна стратегија;
  • Ги предлага развојните програми;
  • Го предлага финансискиот план за работа на наредната година;
  • Го предлага годишниот бизнис план на Друштвото;
  • Презема мерки за остварување на усвоената деловна стратегија, развојните програми и плановите;
  • Предлага на собирот на содружници донесување на посебни инвестициони програми;
  • Ги извршува одлуките на собирот на содружници;
  • Ја донесува систематизацијата на работните задачи на лица со посебни овластувања и одговорности – менаџери;
  • Склучува менаџерски договори со одделни работници со кои се одредуваат посебните овластувања, одговорности и обврски, се одредува нивниот работен однос, нивната плата, награда и други права, времетраењето на договорот, условите за престанок и важност на договорот, а за кои работници не важат одредбите од Законот за работни односи и колективниот договор;
  • Ги распоредува работниците за извршување на работите и работните задачи и одлучува за други права и обврски и одговорности на работниците доколку со менаџерските договори, општите акти на друштвото или со закон не е поинаку определено;
  • Го организира и раководи со процесот на работа и работењето и за тоа самостојно одлучува;
  • Од тековните средства на друштвото донесува одлуки за набавка на основни средства во рамките на износ од 15.000,00 евра во тековната година;
  • Склучува договори за кредити со банки и други правни субјекти чија вредност не поминува 50.000,00 евра во тековната година;
  • Склучува договори со трети лица во земјата и странство;
  • Склучува договори за работа и извршување на определени работи со правни и физички лица;
  • Дава овластување за склучување на поединечни договори и определени правни дејствија на други лица вработени во друштвото или на лица кои не се вработени во друштвото;
  • Одобрува службени патувања во земјата и странство за вработените;
  • Поднесува полугодишна и годишна сметка и извештај за работата на друштвото и предлог за распределба на добивката , односно покривање на загуба;
  • Донесува решенија, наредби, упатства и други поединечни акти;
  • Се грижи и е одговорен за ажурно и законито водење на деловните книги и за ажурна, точна и вистинита изработка на полугодишни и годишни сметки на друштвото;
  • Се грижи за безбедноста и здравјето на вработените во текот на работата;
  • Се грижи за заштита на човековата околина Врши други работи предвидени со закон и договорот за друштво;
  • По барање на надзорниот орган дава извештаи по конкретни работи и барања.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено високо образование;
  • Одлични менаџерски и организациски способности;
  • Минимум 5 години работно искуство.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават кратка биографија и мотивационо писмо исклучиво до архивата на Друштвото на Бул. Трета Македонска Бригада бр. 50 А, 1000 Скопје најдоцна до 19.12.2023 година до 14,00 час., сите ненавремено доставени кандидатури после 19.12.2023 до 14 часот нема да бидат разгледувани од Собирот на содружници. Со избраниот кандидат ќе се склучи менаџерски договор со мандат од 2 години и основна плата од 1000 еур во денарска противвредност и дополнителна награда и бенефиции согласно актите на друштвото.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »