Продукт менаџер за продажба на колективно осигурување

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Триглав осигурување  живот oбјавува оглас за пополнување на 1(едно) работно место

ПРОДУКТ МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА НА КОЛЕКТИВНО ОСИГУРУВАЊЕ

Квалификации:

  • Високо или средно образование;
  • Одлично познавање на Англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office (Excel,Word);
  • Комуникациски и организациски способности;
  • Самоиницијативност, амбициозност, лојалност и доверливост;
  • Висока мотивираност, проактивност и желба за надградба во полето на работа;
  • Дозвола за управување на моторно возило од Б категорија;
  • Упорност, истрајност во остварувањето на поставените цели и задачи.

Компанијата нуди:

  • Избраните кандидати ќе работат со полно работно време;
  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
  • Корпоративна обука во согласност со најдобрите практики од оваа област;
  • Службен телефон;
  • Можност за брзо напредување во рамките на компанијатa;
  • Фиксна плата, бонуси засновани од постигнати резултати, договор за вработување.

Опис на работно место:

  • Креирање на база на клиенти за колективно осигурување;
  • Презентирање на производот на потенцијални клиенти;
  • Градење и негување добар однос со клиентите;
  • Координација и контрола на реализација на продажбата;
  • Подготовка на извештаи за продажба и исполнување на контролни показатели

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА                                       Триглав осигурување Живот АД Скопје

  • биографија (CV)
  • мотивационо писмо

Заинтересираните кандидати се молат своите пријави да ги достават најдоцна до 10.11.2021година на адреса: Булевар 8-ми септември, бр.18 кат 2, 1000 Скопје или на е-mail адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] ,

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате Вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Триглав Осигурување Живот, АД Скопје, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност. Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »