Ризико Осигурување АД Скопје лого

Администратор за поддршка на директна продажба

За компанијата: Ризико Осигурување АД Скопје е акционерско друштво регистрирано за извршување осигурително брокерски работи со дозвола за работа издадена од Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија. Ризико... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

РИЗИКО ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје

објавува

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

 

Работно место: Администратор за поддршка на директна продажба

 

Ризико Осигурување АД Скопје е акционерско друштво регистрирано за извршување осигурително брокерски работи со дозвола за работа издадена од Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија.

 

Ризико Осигурување АД Скопје е основано во 2017 година. Во друштвото работат лица со долгогодишно искуство во осигурителниот сектор со поставена мисија да овозможат  максимално квалитетна заштита од идни ризици на своите клиенти, преку давање навремена и транспарентна можност за избор на производи од понудената палета на производи од осигурителните компании застапени на македонскиот пазар.

 

 

Основни работни задачи и обврски:

 

  • Врши административно - финансиски работи;
  • Врши изработка на осигурителни полиси и припрема на документација во врска со пријава на штети;
  • Обезбедува и анализира понуди од осигурителни компании
  • Дава информации и континуирано контактира со клиенти;
  • Благајничко работење и контакти со осигурителни компании за непречено одвивање на работните процеси;
  • Архивско работење
  • Анализа, утврдување разлики и сложување на издадени полиси, картици на клиенти, издадени фактури
  • Евиденција, задолжување и раздолжување на документи од строга евиденција со осигурителни компании
  • Поддршка и одржување на соработката со постоечките и потенцијалните клиенти;
  • Изработка на неделни и месечни извештаи за работењето на Друштвото

 

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

 

  • Со или без работно искуство
  • Завршено високо образование;
  • Добро познавање на Microsoft office пакетот (Word, Excel, Outlook);
  • Деловна комуникативност и писменост
  • Да поседува амбициозност и способност за покренување на иницијатива
  • Аналитички вештини;
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
  • Флексибилност, проактивност и лојалност;
  • Посветеност, прецизност;
  • Способност за управување со временски ограничувања и рокови;

 

Нудиме

  • Конкурентна почетна нето плата
  • Работно време од понеделник до петок од 8:30 – 16:30
  • Работа 40 часа неделно
  • Можности за развој и напредок соодветно на перформансите
  • Полагање на стручен брокерски испит
  • Соодветна обука и запознавање со работата на компанијата
  • Стручно усовршување и дообразување
  • Работа во динамична и стимулативна средина
  • Интересна и динамична работа, можност за личен и стручен развој;
  • Работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења;
  • Работно место во Скопје

 

 

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите наведени во огласот треба да  достават своја кратка биографија (CV) со фотографија и контакт телефон, најдоцна до 15.05.2023 година на e-mail адреса: riziko@riziko.mk  со задолжително наведување во предмет на дописот за позицијата за која аплицираат “Администратор за поддршка на директна продажба

 

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »