(преземи го огласот во Word)
RFix (ЕРФИКС) е фирма лабораторија за професионален сервис на ИТ опрема, конзоли за играње, таблети и електроника, BGA сервис, PCB (печатени електронски плочи) сервис, постгарантен сервис, микро лемење, репарирање на електронски компоненти како и продажба на резервни делови за сервис на истите.
Во потрага сме по сервисер/електроничар за сервис на ИТ опрема, конзоли за играње, таблети и електроника кој го говори јазикот на електронските шеми, кој има пасија кон расклопување на најновата ИТ технологија, нејзино тестирање како и користење на напредни технологии, софтвери и алати за враќање во функција на истата.
Главни задачи и одговорности:
∙Сервис,поправка и одржување на преносни компјутери, десктоп и таблет компјутери (сервис на хардверските делови на ниво на електроника)
∙Инсталација на оперативни системи (Windows,Linux,IOS,Android)
∙Инсталација на услужни програми,антивируси и нивно сетирање
∙Инсталација,сетирање и сервисирање на мрежна опрема
∙По потреба работа на терен
∙Работа со лемна станица и инфраред лемна станицa
∙Административни активности
∙Водење и опслужување на клиентите и координирање на нивните активности
Потребни квалификации:
∙Минимум ССС – средно образование
∙Познавање на англиски јазик
∙Работа со компјутер и интернет (MS Office, Google ....)
∙Возачка Б категорија
∙Искуство во работење со мерна опрема, лемна станица и инфраред лемна станица
∙Познавање на современите ИТ услуги, продукти и технологии
∙Поседување на организираност и одговорност кон работните задачи
∙Способност за професионална комуникација со клиенти и лојалност кон работодавецот
Работно искуство е задолжително. Потребно е кандидатот да биде посветен со желба за учење на нови технологии.
Ние ви нудиме:
∙Работа во професионална,динамична и развојна средина
∙Вработување на определен период со можност на неопределно време
∙Можност за развивање и континуирано персонално усовршување
Доколку оваа позиција претставува интерес за Вас и сметате дека одговарате на наведените барања испратете го своето CV и актуелна фотографија на следнава email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]