За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.
повеќе за компанијата »Дали знаеш дека туризмот достигна ново ниво на услуга и дека постојат тимови кои се тука за да ги решат прашањата на клиентите на што е можно поефикасен и едноставен начин како и да им ги дадат најдобрите можни совети? Токму ти можеш да станеш дел од еден таков тим и да им го разубавиш денот на патниците кои ги користат услугите на една од водечките глобални туристички агенции!
Што можеш да очекуваш од првиот ден на твојот работен ангажман?
- Конкурентна плата од 43.000 денари
- Платена обука
- Бонуси за препораки на пријател
- Можност за работа од дома по успешно совладување на обуката и периодот на прилагодување
- Можност за напредок - новиот тим штотуку се формира и ќе бидат потребни идни лидери
- Со тек на време ќе се усовршуваш и ќе напредуваш, градејќи ја својата кариера во областа која најмногу те интересира
Стани дел од новиот француски тим и патувај онлајн низ целиот свет!
На корисниците ќе им обезбедуваш информации кои се однесуваат на:
- Прашања за предлози и резервации за патувања
- Повратни информации и предлози за резервираните патувања
- Промени или откажувања на патувањата и планираните тури
- Дополнувања или промени на резервациите
- Административно следење на сите организирани тури и неопходни извештаи
- Предлагање и советување на најдобрите можни решенија и услови за патување
Како да знаеш дека ти си вистинската личност за нашиот тим?
- Одлично зборуваш и пишуваш на француски јазик
- Комуницираш и на англиски јазик до B2 ниво
- Комуникативен/на си и сакаш да им помагаш на луѓето
- Тимски играч си и уживаш во динамично опкружување
- Мотивиран/а си и одговорен/на
- Те инспирираат патувања и туризам како индустрија во подем
- Сакаш да се развиваш во оваа индустрија
Слични огласи »