За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата » Триглав осигурување живот
Објавува оглас за пополнување на работно место
“ФИНАНСИСКИ СОВЕТНИК ВО ПРОДАЖБА”
Опис на работно место:
- Креирање и одржување на база на клиенти за осигурување;
- Презентирање и промоција на производите на потенцијални клиенти;
- Градење и негување добар однос со клиентите;
- Координација и организација на продажни состаноци;
- Подготовка на извештаи за продажба и исполнување на зададени цели.
Потребни квалификации:
- Високо или средно образование;
- Познавање на Англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office (Excel,Word);
- Комуникациски и организациски способности;
- Самоиницијативност, амбициозност, лојалност и доверливост;
- Висока мотивираност, проактивност и желба за надградба во полето на работа;
- Дозвола за управување на моторно возило од Б категорија;
- Упорност, истрајност во остварувањето на поставените цели и задачи.
Компанијата нуди:
- Избраните кандидати ќе работат со полно работно време;
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
- Корпоративна обука во согласност со најдобрите практики од оваа област;
- Комплетно опремена работна станица и службен телефон;
- Можност за брзо напредување во рамките на компанијатa;
- Фиксна плата, и варијабилна плата заснована од постигнати резултати.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
- Биографија (CV)
- Мотивационо писмо
Заинтересираните кандидати се молат своите пријави да ги достават најдоцна до 16.11.2023 година на адреса: Булевар 8-ми септември, бр.18 кат 2, 1000 Скопје или на е-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] ,
Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате Вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Триглав Осигурување Живот, АД Скопје, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност. Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.
Слични огласи »