ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на својот клиент Hotel Macedonia Square, уреден по највисоки стандарди, со ултра модерен и високо квалитетен дизајн, ДЕКРА ја објавува позицијата:

  • ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР

ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА

  • Оперативен менаџмент на сите функции во хотелот;
  • Развивање активности за подобрување и оптимизација на трошоците;
  • Изготвување и ревидирање хотелски извештаи на дневна основа;
  • Вршење преглед за успехот во работата и на единиците под него – храна и пијалоци, соби, администрација;
  • Проектирање на кариерен пат за вработените;
  • Комуникација со останатите сектори во претпријатието.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено ВСС/ССС;
  • Познавање на MS Office.
  • Познавање на англиски јазик (познавање на друг јазик ќе се смета за предност);
  • Претходно работно искуство со хотелски менаџмент;
  • Високо изразени организациски способности;
  • Способност за комуникација со луѓе на различни позиции;
  • Способност за работа под притисок и работа со кратки рокови;
  • Лидерски и раководни вештини;
  • Способност за брзо носење одлуки.

 ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »