Проект менаџер – виш инженер за телекомуникации

За компанијата: СИГМАТЕЛ Д.О.О. е систем интегратор за комуникациски решенија, со искуство во дизајнирање иновативни мрежни решенија и обезбедување напредни професионални услуги. На нашите клиенти нудиме решенија за... повеќе за компанијата »

Проект менаџервиш инженер за телекомуникации

Цел на работното место е: Планирање, организација, имплементација и контрола на изведбата на проектите. Координација на активностите со сите вклучени сектори за оптимално задоволување на временските рокови усогласени со клиентот и реализација на проектот.

Квалификации:

  • Високо образование факултет за електортехника и информациски технологии;
  • Познавање на ИТ, телекомуникациски и други современи технологии;
  • Познавање на работењето и управувањето со IP мрежи (комутирање, рутирање, протоколи за рутирање, отстранување проблеми и решавање проблеми во податочни мрежи);
  • Работно искуство во инсталација, пуштање во работа, одржување и детекција на грешки на комуникациска IP мрежна опрема;
  • Најмалку 3 години работно искуство на иста или позиција со слични одговорности;
  • Работно искуство во инсталација, пуштање во работа, одржување и детекција на грешки на комуникациска IP мрежна опрема, SDH, MPLS и VoIP технологии;
  • Комуникациски вештини и способност да учествуваат во група/тим;
  • Способност за работа во ограничени и интензивни временски рамки;
  • Задолжително познавање на компјутерски мрежи
  • CCNA или слични сертификати ќе се сметаат за предност;
  • Возачка дозвола од категорија Б;
  • Задолжително познавање на англиски јазик (пишан и говорен);

 

Работни задачи и одговорности:

  • Планирање и имплементација на решенија, IP, SDH, MPLS и VoIP;
  • Следење на развојот на мрежните технологии;
  • Тестирање на перформанси на опрема од различни производители;
  • Одржување на широкопојасни мрежи;
  • Посета на локации за имплементација на проекти од телекомуникации;
  • Интервенција во случај на дефекти;
  • Поддршка на продажни активности и презентации на корисници;

Вештини и способности:

  • Високо изразени организациски способности
  • Планирање и анализа на детали кон формирање план за реализација способност за читање технички цртежи и работа со документација
  • Способност за комуникација со луѓе на различни позиции, градење авторитет, лидерски вештини, способност за брзо носење одлуки
  • Напредно ниво за работа со Microsoft Office.

Ние нудиме:

  • Работа во динамична, модерна и релаксирана средина;
  • Можност за дополнително образование и обука;
  • Редовно и стимулативно плаќање;
  • Договор за вработување на определено време со можност за вработување на неопределено време;

 

 

 

Потребни документи:

 

  • Професионална биографија /СV,
  • Поседување на валиден CISCO сертификат ќе се смета за предност

 

Потребните документи да се испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] до денот на важност на овој оглас.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »