Асистент на раководител за продажба и маркетинг

За компанијата: Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него. Локацијата на природниот извор, а воедно и нашиот производствен погон, се наоѓаат... повеќе за компанијата »

ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје е  компанија која се занимава со производство, дистрибуција и продажба на минерален гас ЦО2 (CO2 ), објавува оглас за следнава работна позиција:

 

 АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, а притоа сте динамична и одговорна личност и барате стабилност,  професионален раст и долгорочна кариера, со задоволство Ве повикуваме да се пријавите на нашиот оглас за вработување.   

Потребни квалификации:

  •  Високо образование ,Економски Факултет или Факултет од областа на техничките науки  ќе се смета за предност 
  • Задолжително напредно познавање на MS Office пакетот и компјутерски програми и апликации,( word, exel, power point)
  • Високо ниво на познавање на англиски јазик ( пишување и комуникација) и познавање на друг јазик ќе се смета за предност,
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија,
  • Искуство со менаџирање социјални медиуми,,
  • Професионално ниво вербални и писмени комуниксциски вештини, и интерперсонална комуникација
  • Способност за организирање на обврските според приоритетност и исполнување рокови
  • Висок степен на организираност и динамичност за работа под притисок
  • Ефикасност, ефективност и одговорност при исполнување на обврските
  • Динамична, отворена личност, подготвена за саморазвивање,
  • Способност за самостојна и тимска работа,
  • Способност за следење на работни инструкции и процедури за работа,.

Работни обврски и одговорности:

  •  Изнаоѓање начини за стекнување на нови клиенти со цел подобрување на продажбата,
  • Го испитува пазарот како и онлајн пазарот за потреби од понуда на нови услуги,
  • Проследување и остварување последователна комуникација со постоечки клиенти со цел поддржување на високо ниво на услуга,
  • Создава, одржува и ажурира база на податоци  за постоечки и нови потенцијални клиенти во системот на компанијата,,
  • Комуникација со клиенти во врска со направени нарачки,
  • Врши активни преговори, изготвува ценовници, подготвува понуди и помага при склучување на договорот со клиентот,
  • Имплементација на барањата на системот за управување со квалитет поврзани со функцијата, барањата на клиентите и пренесување на потребните информации до сите вклучени во процесот
  • Подготовка на потребна документација за транспорт во земјата и странство
  • Подготовка на документација за учество на тендери,
  • Осмислува креативни решенија и рекламни кампањи за печатени,  и интерни медиуми
  • Планира и управува со активностите на социјалните мрежи како. линкeдин (Linkedin), ФБ  (Facebook), Xинг (Xing), инстаграм и официјалната веб страна на компанијата, како и постојана комуникација со истите,,

Компанијата нуди:

  • Редовни  месечни примања (плата по договор),
  • Атрактивна и динамична работа,
  • Можност за надоградба на професионален план,
  • Одлични услови за работа во тим

Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови, аплицирајте со испраќање на Ваша кратка биографија CV (по можност на англиски јазик) на следната  email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Почитувани апликанти, имајте предвид дека  САМО  кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Во согласност со законот за заштита на лични податоци, со самото испраќање на Вашето СV се согласувате Вашите податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на Гео Гас ДООЕЛ Скопје.

Напомена: Доколку не сте согласни со тоа , можете да ја повлечете во секое време согласноста  за обработка на лични податоци преку испраќање на известување на елекртонската пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот]

  .

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »