Product and sales manager

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

World Medicine е група на компании која се занимава со развој, производство и продажба на фармацевтски производи, а постои во повеќе од 35 земји во светот. World Medicine İlaç Sanayi ve Ticaret A.Ş. е една од овие компании лоцирана во Истанбул, Турција, која развива и произведува лекови од различни терапевтски категории.

За повеќе информации, посетете ја компаниската веб-страна: https://worldmedicine.com.tr

За потребите на претставништвото на компанијата во Скопје, потребен е:

PRODUCT AND SALES MANAGER

Цели и одговорности на работното место:

  • Одговорен за лансирање на нови производи,
  • Креирање на маркетинг стратегија и развој на истата,
  • Имплементација и реализација на маркетинг активности,
  • Изработка и следење на план за продажба,
  • Посета на здравствени институции,
  • Работа со клиенти и продажба на територијата на Македонија,
  • Координација и менаџирање на продажниот тим на компанијата,
  • Одговорен за постигнување на продажните планови,
  • Стратешко планирање, предлагање, следење и анализирање на плановите за продажба.

Потребни квалификации:

  • ВСС: Фармацевтски, Медицински или Стоматолошки факултет,
  • Задолжително минимум 3 години работно искуство во фармацевтската индустрија на иста или слична позиција
  • Искуство во развој на бренд и позиционирање на фармацевтски производи на пазарот,
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Потребни вештини и способности:

  • Познавање на MS Office,
  • Возачка дозвола Б категорија,
  • Одлични комуникациски и презентациски способности,
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.

Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци кои сакаат да бидат дел од интернационален бизнис кој е фокусиран на секојдневна грижа за здравјето на луѓето.

Работниот однос за оваа позиција првично ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа. Неделното работно време е од понеделник до петок.

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратете ја вашата пријава на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]  и  [најави се за да го видиш е-маилот] .

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »