За компанијата: ПАВ МОТИВИ преку иновативни и сеопфатни услуги, Ви овозможува креирање на успешни работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени работни позиции. Ние вистински ја разбираме важноста...
повеќе за компанијата »ПАВ Мотиви за свој клиент, меѓународна реномирана компанија, бара:
Engineering Consultant /Инженер за техничка поддршка
Опис на работното место:
Поддршка, обука и комуникација со архитекти, консултанти, инженери, јавни канцеларии и инвеститори, со цел промовирање и понуда на системите на компанијата во нивните проекти
Компетенции:
- Дипломиран архитект
- Напредни познавања на MS Office и AUTOCAD (2D и 3D)
- Напредни познавања на англиски јазик
- Предност ќе имаат кандидати со познавање на албански јазик
- Возачка дозвола B категоријa
Главни одговорности и задачи:
Подршка на архитекти, консултанти, инженери со изнаоѓање најдобри решенија за нивните проекти преку:
- Постојана посета на архитекти, консултанти, инженери, јавни канцеларии
- Посета на клиенти за техничка обука за тоа како функционираат новите системи и за надградбите на производите
- Придонесува за зголемување на продажбата и профитот, со донесување нови проекти на компанијата
- Соработка со остатокот од комерцијалниот тим на компанијата за сите информации за проектите и процесите, неопходни за успешно спроведување на проектот во секоја област
- Ефикасна поддршка за имплементација на проекти преку обезбедување детали за плановите на архитектите и целосна подршка до конечна реализација
- Обука на архитекти, консултанти,инженери и комитенти за архитектонски решенија на компанијата
- Соработка со продукт менаџери за развој на нови решенија / системи засновани на потребите на пазарот
- Работа во CRM
- Учествo во процесот на сертифицирање на производите на компанијата од страна на локалните власти
- Подготовка и ажурирање на техничките презентации и спецификации
Дополнителни вештини:
- Способност да ја претставува компанијата, нејзините производи и услуги
- Способност да ги разбере потребите на клиентите за тие да бидат целосно исполнети, користејќи што е можно поразновиден асортиман на производи
- Способност да се обезбедат иновативни, технички одговори на специфични барања на клиенти
- Комуникациски вештини, самоиницијативност, одржување фокус и висок степен на точност
- Работа под притисок
Ние нудиме работа во меѓународна компанија, со повеќе од 30 години искуство и присуство на продажна мрежа низ повеќе континенти, чијашто цел е подобрување на квалитетот на животот на луѓето, преку подобрување на перформансите на нивните домови, згради, претпријатија со најквалитетни и високо развиени системи. Работата е компетитивна, со можност постојано да се напредува и надградува
Како да се аплицира:
Заинтересираните кандидати треба да ги достават своите апликации на [најави се за да го видиш е-маилот]
Краен рок за аплицирање е 05.07.2021 година.