Деловна секретарка

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

ЗЕГИН ДОО е првата приватна  компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема  дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.

Имаме потреба од:

Деловна секретарка

 Потребни квалификации:

  • ССС
  • Претходно работно искуство ќе се смета како предност
  • Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office
  • Познавање на англиски јазик, познавање на друг странски јазик ќе се смета за предност

Работни обврски:

  • Прима повици преку кои закажува состаноци, дава одговори на рутински прашања/барања или ги пренасочува кон другите служби
  • Пречекува гости, ги спроведува или посредува/извршува закажана услуга од доменот на организацијата
  • Отвора пошта, ја предава на потпис, а потоа ја дистрибуира до соодветната служба
  • Прима електронска пошта, одговара или ја дистрибуира до соодветната служба
  • Пренесува зададени информации
  • Изготвува документи, се грижи за изгледот и коректноста на документите за експедирање
  • Прима и испраќа факсови
  • Умножува документи по пат на фотокопирање или скенирање
  • Праќа честитки и телеграми
  • Води дневен календар на состаноци и задачи
  • Врши преводи и кореспондира со странство по писмен и устмен пат
  • Врши резервација на ресторани, хотели, авио билети, изготвува соодветна документација за таа цел
  • Се грижи за уредноста на просториите
  • Врши нарачки на потребен канцелариски материјал и други потрошни материјали
  • Води Деловодник
  • Прима и заведува примена пошта
  • Ја сортира и доставува заведената пошта до соодветни служби
  • Врши ажурирање и архивирање на документација
  • Подготвува и заведува пошта за експедирање
  • Комуницира со поштите за редовна и брза достава
  • Води тетратки за интерна достава и за експедирање
  • На дневна основа води евиденција на потрошувачка

Доколку  сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака деловна секретарка  на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »