Академија ЦЕС лого

Оглас за вработување на Координатор на обуки

За компанијата:

Академија ЦЕС е компанија која веќе 25 години се занимава со реализација на обуки, семинари, работилници, доквалификација и преквалификација на кадар во повеќе области и струки. Имаме реализирано... повеќе за компанијата »

  • Објавен на 8.2022
  • Академија ЦЕС
  • Активен до 08.09.2022
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 023232510
  • Веб: ces.mk
  • Facebook: линк

(преземи го огласот во Word)

АКАДЕМИЈА-ЦЕС е компанија која повеќе од 22 година активно работи на развој на човечкиот капитал, прв центар за стручно образование и образование на возрасни во Македонија кој што нуди различен вид на обуки за личен и професионален развој на возрасни лица, доквалификација и преквалификација. Организацијата постои како алка помеѓу потребите на пазарот на трудот и работодавачите од една страна и невработените лица од друга страна.

Компанијата обавува дејност во следните области:

  1. Стручни вештини – занаети и административни курсеви
  2. Образование на возрасни/ животна средина и управување со отпад
  3. Обуки за вработени во јавна администрација
  4. Јазични вештини и преводи
  5. Обуки за наставници
  6. Консалтинг услуги и работа со проекти ( ИПА, Еразмус+)

Бараме координатор на обуки кој ќе се приклучи на нашиот тим.

Одговорности и задачи:

  • Комуникација со клиенти (нарачатели/ корисници на услуги /обучувачи);
  • Координација на обучувачи и корисници на обуки;
  • Собирање и евиденција на пријави за обуки;
  • Издавање на фактури за слушатели на обуки;
  • Изготвување на договори за слушатели на обуки;
  • Изготвување на договори со обучувачи;
  • Организација на тестирања и сертификација на слушатели на обуки;
  • Обезбедување и уредно и водење на евиденција за сите слушатели на обуки;
  • Уредно чување и организирање на документацијата;
  • Подготовка на информации и фотографии од реализирани обуки за објава на веб и социјални медиуми;
  • Барање на понуди / испраќање на понуди;
  • Логистички активности за организирање обуки;
  • Подготовка и администрација на настани (локација, времетрање, листа на учесници, потребна документација, потребни материјали, потребни ресурси за обука, сертифицирање на учесници);
  • Поддршка во реализација на проектни активности;

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование; 
  • Добро познавање на англиски јазик;
  • Добри комуникациски вештини (деловна комуникација и комуникација со клиенти);
  • Добри организациски вештини за координација на клиенти, логистика и организирање на настани;
  • Способност за уредно и организирано водење и чување на документација:
  • Добро организирање, управување со времето, вештини за планирање и приоритизација;
  • Основно познавање на работа со компјутери: MS Office (особено excel табели за евиденција), интернет, управување со електронска пошта; 
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Претходно работно искуство во организација на настани/обуки и администрација на истите ќе се смета за предност;

Сите зинтересирани кандидати, може да достават професионална биографија CV, заедно со мотивациско писмо може да ја достават на следната

e-пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со задолжителна назнака: по Оглас за вработување за Координатор на обуки.

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци. Доколку кандидатите покажат висок професионален капацитет, следува склучување на редовен договор за врaботување.
  • Само кандидатите кои најдобро ќе ги исполнат условите ќе бидат поканети на интервју за вработување.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »