ДИРЕКТОР НА ИТ СЛУЖБА

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА

Пазарот за животно осигурување во Македонија официјално започнува да се развива во 2005 година со основање на првата компанија за осигурување на живот во земјава Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје. Компанија која низ годините се издвои себе си како ЛИДЕР на пазарот за животно осигурување,  компанија која за македонските граѓани претставува синоним за сигурност и квалитет благодарение на своите вработени и грижата за клиентите.

Во име на својот клиент, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • ДИРЕКТОР НА ИТ СЛУЖБА

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Развој на програмски решенија за потребите на непречено одвивање на работните процеси во Друштвото;
  • Администрација на базите на податоци;
  • Изработка на различни извештаи од базата на податоци заради разни анализи во работењето;
  • Одржување на компјутерската мрежа;
  • Развој на апликативен софтвер;
  • Инсталирање на софтверски програми од областа на осигурувањето на живот;
  • Изготвување на месечен извештај за анализа и оценка на ризиците поврзани со сигурноста на информатичкиот систем на Друштвото;
  • Изготвување на месечен извештај за реализација на Планот за континуитет во Информацискиот систем.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование;
  • Претходно искуство на иста или слична позиција;
  • Искуство со работа со комплексни ЕРП системи;
  • Одлично познавање на релациони бази на податоци (Microsoft SQL DB);
  • Познавања од веб технологии и веб сервиси.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Одлични комуникациски вештини;
  • Вештини за менаџирање со време и мултитаскинг;
  • Способност за организација и контролирање на работата и обврските;
  • Проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои се заинтересирани и ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на:  [најави се за да го видиш е-маилот] .

Крајниот рок за аплицирање е: 20/03/2020.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »