Area Sales Manager

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

СОКО Горица дооел Скопје претпријатие со 29 годишна традиција во производство на сокови, со пласман на 45 пазари во светот на 6 континенти, кое брои 75 вработени

има потреба  од кандидат за следната позиција: Area Sales Manager – 1 лице

Потребни квалификации:

  • ВСС (економски факултет);
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Познавање на втор светски јазик ( Шпански, Француски ) ќе се смета за предност;
  • Познавање на Microsoft Office;
  • Возачка дозвола Б категорија – активно возачко искуство;
  • Работно искуство во областа на меѓународна трговија.

Одговорности и задачи:

  • Го претставува претпријатието пред постојани и потенцијални клиенти и одржува комуникација со истите;
  • Организирање и спроведување на целиот продажен процес ( извоз и домашен пазар );
  • Координирање со Секторите Производство, Финансии, Набавка, Логистика со цел беспрекорна реализација на сите детали во врска со нарачките;
  • Подготвува планови, извештаи и анализи за  продажба и се стреми да придонесе кон постојан пораст на резултатите во продажбата.

Претпријатието е лоцирано во нас. Драчево, Скопје. Кандидатите со поблиско место на живеење ќе имаат предност

Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии со фотографија не постара од 6 месеци, можете да ги испратите на:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака : „Area Sales Manager” .

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »