Супервизор

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Fashion Group повеќе од 15 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други. Нашата цел од самиот почеток, па сè до денес е да му овозможиме на секој наш клиент да го изгради личниот стил и да експериментира со истиот, одбирајќи ги парчињата на светските брендови.

Нашите вредности го рефлектираат она вистинското на компанијата, но и на сите брендови чии франшизи ги претставуваме – воздигнувањето на личниот стил над модата со помош на уникатните сезонски колекции.

Вработените во нашата компанија чиј број постојано се зголемува, се тим индивидуалци и креативци кои постојано работат на развивање нови идеи за соодветно претставување на вредностите на компанијата. Постојано се обидуваме да го пронајдеме најдоброто во нашите вработени и заедно да работиме на нивните амбиции, бидејќи кога се инвестира во нивниот развој, не само што го зголемуваме нивниот професионален капацитет, туку и ја зголемуваме и успешноста на целата наша организација.

Со цел проширување на тимот Fashion Group има потреба од:

СУПЕРВИЗОР

Главни обврски и одговорности:

  • Врши контрола на работењето на продажните објекти
  • Утврдување на тековни потреби и одржување на објектот
  • Управување со залиха и контрола на истата
  • Организирање пописи (контролни и сезонски)
  • Помош на продажните објекти при прием на производи
  • Проверка на трговска документација
  • Лице за контакт во случај на проблем во продажбата и помош на купувачите
  • Утврдување на потреба од дополнителни обуки за вработените во продажба
  • Месечна проверка на евиденција на попусти, резервации, фактури, сторнирани сметки
  • Известување до претпоставениот на неделно ниво за затекнатата состојба во малопродажните објекти
  • Го координира отворањето на нови продавници за малопродажба
  • Изготвува неделни и месечни извештаи со цел следење на резултатите на продажните објекти

Образование, работно искуство и вештини:

  • Снаодливост, организираност и способност за справување со повеќе работи истовремено
  • Навременост, самостојност и точност во извршување на работните задачи
  • Способност да изгради однос со вработените кој ќе се заснова на взаемно почитување и авторитет
  • Подготвеност за брзо и ефикасно решавање на проблеми или конфликти
  • Флексибилност

Ние нудиме:

  • Можност да бидете дел од Компанија со одлична работна атмосфера
  • Конкурентна заработка
  • Можност за дополнително развивање и усовршвање преку обуки и семинари
  • Пакет бенефиции за лојални вработени

Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »