Проектен асистент за внесување на податоци (Data Entry Assistant)

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Инбох ДООЕЛ Скопје, е компанија со специјализирана дејност за управување со документи и информации во име и за сметка на најголемите брендови во државата. Инбох е иновативна компанија која ги поместува стандардите за ефикасност во административно работење како во физичко така и во сверата на Е-архивирање и дигитализација на документи и работни процеси.  За остварување на своите административни задачи, ИНБОХ има  потреба и нуди вработување на енергичнa и проактивнa личност за следнава работна позиција:

  • Проектен асистент за  внесување на податоци (Data Entry Assistant)

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за:

  • Попишување на документација и внесување на податоци во компјутерски софтвер.

Личен профил на кандидатот:

  • Способност за самостојна и тимска работа;
  • Динамична и иницијативна личност;
  • Посветеност, лојалност и одговорност.

Што нудиме:

  • Работно време од 08:00 до 16:00 од понеделник до петок;
  • Можност за учење нови вештини за архивско и канцелариско работење.

Вашата професионална биографија испратете ја на  [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 01.09.2024 година, со назнака: “Асистент за внесување на податоци”, и станете дел од нашиот тим.

Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во базата на Инбох за идни работни ангажмани. Доколку нема никаква напомена, податоците ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »