Менаџер за човечки ресурси

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

 Групацијата К.А.К е долгогодишен лидер во хотелското работење, составен од следниве   организациони единици:

  • Ресорт Мaврово: Хотел Бистра, Хотел Спорт, Хотел Лоџ, Спортска сала, Спортски терени, Етно ресторант "Старо Бачило"
  • Хотел Епинал, Битола
  • Хотел Широк Сокак, Битола
  • Ле Гранд Казино

Во име на својот клиент, Декра ја огласува позицијата: Менаџер за човечки ресурси

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Изработка и имплементирање на стратегии, иновативни политики и процедури за управување со човечки ресурси;
  • Подготовка на модели за мотивација и ефикасност на вработените и подобрување на работните процеси;
  • Подготовка на програма за професионални обуки;
  • Регрутација и екипирање на тимови во четирите единици на компанијата (Маврово, Битола, Казина и Администрација);
  • Проценка на потребите на вработените;
  • Развој на кариерен пат на вработените;
  • Креирање план за сезонски вработувања;
  • Креирање на организациска шема на компанијата;
  • Пресметка на плати;
  • Креирање план за хуманитарната работа на компанијата (општествена одговорност).

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено Високо Образование;
  • Најмалку 3 години работно искуство на иста или слична раководна позиција; 
  • Искуство во голема компанија ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на Англиски јазик;
  • Напредно познавање на MS Office пакетот.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Одлични интерперсонални и комуникациски вештини;
  • Проактивност, одговорност и систематичност;
  • Способност за организирање задачи според приоритет.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Компанијата нуди можност за продесионален раст и развој, преку учество на семинари, тренинзи и конференции.

Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги проследат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 11/01/2019

Сите пристигнати апликации ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »