Менаџер за продажба

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Наш клиент е СИНЕРГА,  компанија за производство на заштитна облека и ХТЗ опрема во Македонија- Струга и Скопје, развиена во две насоки - производство на работна облека и комерцијален дел.Во име на својот клиент, Декра ја огласува следната позиција:

  • МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Работа со постоечки, клучни клиенти и продажба на територијата на Македонија;
  • Координација и менаџирање на продажниот тим на компанијата;
  • Одговорен за постигнување на продажните планови;
  • Стратешко планирање, предлагање, следење и анализирање на плановите и трошоците за продажба.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Пожелно минимум две години искуство на иста или слична позиција;
  • Валидна возачка дозвола, Б категорија;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот;
  • Одлично познавање на Англиски јазик.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Одлични комуникациски и преговарачки способности;
  • Лидерски и аналитички вештини;
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
  • Флексибилност, проактивност и лојалност;
  • Способност за индивидуална и тимска работа.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за позицијата за која аплицираат.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »