(преземи го огласот како PDF)
СЕКЕ ДООЕЛ ПРИЛЕП има отворена позиција
Специјалист за човечки ресурси
Образование и квалификации
• Завршено високо образованиe, Правен факултет или Економски факултет
• Претходно работно искуство од најмалку 3 години на иста или слична позиција
• Активно познавање на Англиски јазик (говорење и пишување)
• Способност за работа со база на податоци и одржување на истата.
• Познавање на Македонските закони за работни односи
Личен профил
· Одлични организаторски и комуникациски способности
· Одговорност кон доверените задачи и посветеност на работата
· Високо ниво на интегритет и доверливост.
· Способност за работа во тим
Работни задачи:
Вработување -Го организира и помага процесот на вработување; подготовка, разгледување и изработка на работните задачи и објавување на работното место; подготовка на интервјуата со кандидатите, подготовка и потпишување на работни договори, организирање на сите видови проверки на информации, регистрација на нововработените согласно локалната легислатива/законите, како и организација на обуки.
Комуникација -Подготовка на редовни и веродостојни извештаи, со препорачани следни чекори. Развој и имплементација на програми за тимска соработка и мотивација на вработените. Управување на работата на вработените Навремена комуникација, проверка на податоци, поддршка и развој на вработените. Поддршка на раководителите на сите оддели и понуда на соодветни обуки за нивните потреби. Анализа за потребите за разни обуки и организирање на истите, во координација со вработените и менаџерите
Изработка и чување податоци- Подготовка на плати, бенефиции и други додатоци, како и документи за боледувања и породилни отсуства.
Заинтересираните кандидати треба да достават, CV на англиски и потврди/дипломи за завршено образование, како и дополнителни обуки по електронски пат на [најави се за да го видиш е-маилот]
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју.