За компанијата: Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.
повеќе за компанијата »Најголемиот принт центар во Македонија Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.
Полиестердеј има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција – Административен асистент.
Потребни квалификации:
- Образование: ССС / ВСС,
- Солидно познавање на Microsoft Office програмите,
- Основни вештини за административно работење,
- Организациски и комуникациски вештини и способности,
- Подготвеност за самостојна работа и работа во тим,
- Претходно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност.
Работни задачи и одговорности:
- Комуницикација со клиенти на телефон и поврзување со останатите сектори,
- Проверка на материјалите кои се во изработка по барање на клиенти,
- Проверка на готови материјали со работните налози,
- Известување клиенти за готови материјали, пробни примероци,
- Изготвување на профактури и фактури.
Што нудиме:
- Постојана поддршка и помош во периодот потребен за адаптација,
- Обуки во текот на работењето,
- Можност за учење и стекнување нови вештини,
- Обезбеден превоз до работното место,
- Колективно осигурување во случај на незгода,
- Безбедни услови за работа според највисоки стандарди,
- Навремена исплата на плата, додатоци на плата – минат труд и К-15.
Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим со испраќање на Вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов: “за работна позиција Административен асистент”.
Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.
Веб сајт:
www.print.mk
www.polyesterday.com.mk
Слични огласи »