За компанијата: Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.
повеќе за компанијата »Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.
Распишуваме оглас за работното место „Бравар“.
На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените лични карактеристики и потребни квалификации
- Минимум средно образование;
- Претходно работно искуство во иста или слична област ќе се смета за предност
- Поседување на возачка дозвола Б категорија.
Опис на работно место:
- Монтажа и склопување на елементи за реклами,
- Виткање плексиглас,
- Заварување на мали елементи,
- Работа на терен (монтажа и демонтажа),
- Прием на отпечатен материјал заедно со работниот налог за истиот,
- Доработка до финален производ соодветно дефинирана во работниот налог,
- Евиденција на потрошен материјал,
Нудиме:
- Постојана поддршка и помош од вработените во Полиестердеј во периодот потребен за адаптација;
- Одлична работна атмосфера;
- Можност за напредок доколку кандидатот покаже желба, знаење и способност да се носи со своите работни обврски;
- Можност за учење и стекнување нови вештини;
- Работна униформа согласно временските прилики.
Работниот однос се заснова на определено време за период од 1 месец, со можност за продолжување на 3, 6 или 12 месеци.
За ова работнo место предвидена е почетна нето плата од 26.000 до 28.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим и кажете ни зошто вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го Вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов: “за работна позиција Бравар”.
Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.
Веб сајт:
www.print.mk
www.polyesterday.com.mk
Слични огласи »