Деловен асистент на Управен одбор

За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје:

Самостоен соработник за премиско сметководство - Самостоен соработник за финансии

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Деловен асистент на Управен одбор

  • Ја координира работата на Претседателот на Управен Одбор и Членовите на Управен одбор, преку давање на релевантни информации, водење на дневник на состаноци и сл.;
  • Управува со протокот на информации на навремен и прецизен начин;
  • Управува со агенда на Управен одбор на Друштвото, договара и организира состаноци;
  • Организира деловни патувања што вклучува организација на патување и сместување;
  • Води записник на состаноци и изготвува краток  извештај за истите, по барање на член на Управен одбор;
  • Организира службени патувања за вработените по налог на Претседателот на Управен Одбор и Членовите на Управен одбор;
  • Ги пречекува посетителите и ги врши општите асистентски работи;
  • Комуницира со клиентите, соработниците и вработените;
  • Одговара на телефонските повици и воспоставува контакти со Претседателот на Управен Одбор и Членовите на Управен одбор;
  • Врши и други работи по барање на претпоставени.

Потребни квалификации и карактеристики:

             Универзитетска диплома од општи науки;

Задолжително познавање на македонски јазик, познавање на турски јазик ќе се смета за предност;

             Добро планирање и добра организација;

             Одлични комуникациски и преговарачки вештини;

             Способност да учи и да се надоградува;

Развиеност и одржување на високи етички и деловни стандарди, култура на отворена комуникација.

 

Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Деловен асистент на Управен одбор”.

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото. 

Нaпомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »