Координатор во контрола на квалитет

За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да... повеќе за компанијата »

АСПЕКТУС ФАРМА ДОО с.Бунарџик Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон  високо квалитетно производство на лекови  во Република Северна Македонија.

Координатор во контрола на квалитет 

Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:

  • ВСС (дипломски или постдипломски студии во областа на фармација/хемија);
  • Минимум 2 години соодветно работно искуство во полето на контрола на квалитет на суровини, фазно производство, готови фармацевтски форми, примарна и секундарна амбалажа;
  • Познавање на инструментални анализи и сепаративни техники-хроматографија;
  • Способност за имплементација, следење и одржување на системот за контрола на квалитет,
  • Одлично познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
  • Многу добро познавање и непречена комуникација (писмена и усна) на англиски јазик;
  • Способност за самостојна работа, развиени аналитични и истражувачки способности, внимание на детали, упорност, студиозност, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники, лојалност и дискреција.

Работни задачи за Координатор во контрола на квалитет:

  • Следење на системот за контрола на квалитет преку имплементација и одржување на документи во системот, вклучувајќи стандардни оперативни постапки, протоколи, упатства, записи, обрасци, прирачници, трансфери итн., нивно контролирање и следење;
  • Мониторинг и контрола на суровини, примарна и секундарна амбалажа, фазно производство и готови фармацевтски производи, следење на микробиолошки тестирања, стабилност на фармацевтски производи/развојни серии и валидациони активности;
  • Спроведување, преглед и усогласеност на документацијата со  GMP, GLP и ICH водичите;
  • Следење и познавање на инструментални анализи, сепаративни техники-хроматографија;
  • Проверка на резултати, одобрување и ослободување на меѓупроизвод, полупроизвод, готов производ и амбалажа.

Дополнителни информации:

     Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [email protected]