КНИГОВОДИТЕЛ

  • Објавен на 7.2018
  • ДЕЛТА БЕТ
  • Активен до 25.07.2018
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/3296-155

 

  • Mozzart e најголемиот приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, застапена на територијата на Република Србија, Романија, Република Српска, Хрватска, Македонија, а од скоро време и во Африка. Со повеќе од 1000 Уплатни места и околу 4300 вработени, апсолутно сме регионален лидер во оваа трговска дејност. Нашата деловна политика е заснована на модерни принципи на работење, констанотно унапредување на услугите и сваќање на иновативноста и единственоста како императив. Свесни дека успехот на компанијата е невозможен без стимулативно, динамично и удобно работно окружување кое развива вештини, знаења и кариера на вработените, внимателно ја градевме својата репутација за најпосакуван работодавач.   

 

                                     За работа на територијата на Град Скопје, потребен e

 

                                                                КНИГОВОДИТЕЛ

 

Основни должности:

  • Евиденција на влезни фактури во деловодник
  • Достава на барања за издавање на даночни уверенија, прекнижувања и усогласувања
  • Книжење на влезни фактури
  • Книжење на девизни фактури и корекција на данок
  • Контрола на картиците со добавувачи и купувачи
  • Книжење книжни одобренија и задолжувања
  • Контрола, корекција и книжење на внатрешен трансфер
  • Книжење на изводи денарски и девизни
  • Книжење на трансакции и контрола на книжењата во главна книга  
  • Следење на законските рокови за припрема на плата и достава на Извештаи до државни органи
  • Благајничко работење, контрола и анализа врз благајничкото работењe
  • Пресметка на закупи и под закупи
  • Подготовка на документација за компензација, асигнација, цесија и др.
  • Евиденција на основни средства, ставање во употреба и пресметка амортизација
  • Составување и достава на даночна пријава до државни органи
  • Следење на законските прописи и примена на истите                                                                                                                                                      
  • Контролирање на состојбата на роба по уплатни места-пописи

                                                                       

 

Услови:

  1. Минимум средно образование или Висока стручна спрема-економска насокa
  2. Најмалку 3 годишно работно искуство
  3. Одлично познавање на работа на компјутер и MS Office пакетот
  4. Познавање на англиски и српски јазик
  5. Способност за организирање и планирање
  6. Изразени интерперсонални вештини и вештини на комуниклација (писмени и усмени)
  7. Насоченост кон тимска работа како и способност за самостојна работа

 

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Mozzart, чија основна цел е да воспостави и  ги подигне стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и Источна Европа, Ве молиме Вашето CV и мотивационото писмо да ги испратите на e-маил [најави се за да го видиш е-маилот] . Во насловот на мејлот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.

Краен рок за поднесување на пријавите е 25.07.2018 година. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг. Непотполните пријави нема да бидат разгледувани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »