Градежништво - Франција

  • Објавен пред 2 месеци
  • Декра
  • Активен до 26.01.2019
  • Позиција: Градежник и мајсторски работи
  • Локација: Скопје

Наш клиент е француска компанија од областа на градежништвото со седиште во околината на Париз која се занимава со високоградбa како и реконструкција на објекти. Поради зголемениот обем на работа со изградба на станбени згради, деловни и индивидуални објекти, индустриски погони и други градби, ги огласуваме следните работни позиции со можност за  долготрајно вработување 

  1. Раководител на градежни работи
  2. Одговорен на градилиште
  3. Одговорен на тим
  4. Армирач        
  5. Ѕидар
  6. Шалувач

 

Потребни квалификации:

  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција (задолжително)
  • ЕУ државјанство (задолжително)
  • Основно познавање на Англиски јазик ќе се смета за предност
     

Лични карактеристики, вештини и спосособности:

  • Добра здравствена состојба  и психофизичка подготвеност
  • Професионалност во извршување на секојдневните обврски и одговорност при следење на компаниските правила и процедури
  • Способност за тимска и физичка работа во мултикултурна средина
  • Желба и подготвеност за живеење во странство

 

Работни услови:

  • Месечна нето плата од 1700 до 3000 Евра во зависност од позицијата
  • Вкупно 39 работни часа неделно
  • Можност за месечни бонуси и награди
  • Платен превоз од и до работното место
  • Службено возило и телефон во зависност од позицијата
  • Платено сместување
  • Платен авионски билет до Париз
  • Договор на неопределено време по успешно поминат пробен период од 3 до 6 месеци

 

Сите заинтересирани можат да аплицираат со испраќање на своите лични податоци или професионални биографии со задолжителна назнака за позицијата за која аплицираат на мејл - work@dekra.mk.

Дискрецијата на сите кандидати е загарантирана и пристигнатите биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

 

КЛИКНИ