Работник за обезбедување

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

ЕСИ (Employment Services International) за потребите на својот клиент, објавува оглас за работна позиција:

 

РАБОТНИК ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Контрола на возила и персонал на влез/излез;
  • Извршување на оперативни задачи со примена на јавни овластувања согласно Законот за Приватно обезбедување;
  • Административни задачи кои произлегуваат од соодветните процедури и работни упатства;
  • Други безбедносни мерки, дејствија и активности во просторот на компанијата.

 

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  • ССС/ВСС;
  • Задолжително поседување на Лиценца за обезбедување;
  • Претходно работно искуство од 1 година е задолжително;
  • Основно познавање на англиски јазик;
  • Основно познавање на Word, Excel, Outlook, Power point;
  • Активен возач, Б-категорија;
  • Добра психо-физичка подготвеност;
  • Комуникациски вештини, ориентираност кон тимска работа, доверливост, чесност, лојалност, непристрасност, одговорност.

 

НУДИМЕ:

  • Работно време:  во смени од 07:00 до 15:00; од 15:00 до 23:00 и од 23:00 до 07:00
  • Организирана исхрана и превоз;
  • Обезбедена интерна обука од 15 денови од  страна на работодавачот;
  • На основната нето плата се пресметуваат и исплатуваат законски пропишаните додатоци за ноќна работа, работа во државен празник, сменска работа итн.

 

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »