Асистент за правни работи и човечки ресурси

Navico Shipping е компанија која е една од првите приватни и најголеми бродски агенти во Македонија, основана како семејна компанија во 1996 година, со цел постојано да расте и да ги проширува своите услуги, со тоа што денес прерасна во еден од најголемите контејнерски превозници во Југоисточна Европа, Балкански регион.

Navico Shipping има развиено силно партнерство со некои од најпознатите светски брендови и исто така служи и за некои од Top Fortune Global 500 компаниите. Во текот на годините, ние помогнавме да се дефинира глобалната трговија на голем број клиенти, поставувајќи нови стандарди во служба и совршеност на секој пазарен сервис.

Вработувањето во Navico Shipping го гарантира вашето кариерно усовршување и формирање на професионалец во работата, во пријатна работна средина и со одлични работни услови. Во моментов отворена е следната работна позиција за вработување на определено време:

АСИСТЕНТ ЗА ПРАВНИ РАБОТИ

Опис на работни задачи:

  • Советување за стапување во договорни односи и за секој вид на облигационен однос,
  • Состав на договори,
  • Изготвување на опомени пред тужба и следење на постапка за наплата,
  • Развој и спроведување на интерни политики и процедури и изготвување на интерни општи и поединечни правни акти,
  • Евиденција и следење на примена на прописи за БЗР,
  • Водење на управни постапки пред надлежни органи и институции,
  • Спроведување на постапки од областа на деловното право,
  • Водење на постапка за селекција, пријави и одјави на вработени,
  • Следење на промени во легислативата и давање насоки за примена,
  • Други работни задачи поврзани со работното место.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Задолжително завршени ВСС - Правен факултет;
  • Положен Правосуден испит -  ќе се смета за предност;
  • Минимум 2 (две) години претходно работно искуство на иста или слична работна позиција;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Способност за самостојна и тимска работа;
  • Високо развиени комуникациски вештини, самоиницијативност, прецизност и одговорност.

Лични карактеристики:

  • Одговорна, самоницијативна и комуникативна личност;
  • Подготвеност за работа под притисок и извршување на повеќе задачи во кратки временски рокови;
  • Желба и капацитет за брзо учење;
  • Прецизност и eлоквентност со рационален и едноставен пристап кон работите;
  • Висок личен интегритет и професионален однос кон работата;
  • Почитување и примена на пропишаните процедури и интерни акти;
  • Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »