Референт за административни работи во Генерална дирекција

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за  професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

                                        Референт за административни работи во Генерална дирекција

  • Основни работни обврски

Референт за административи работи во Генерална дирекција е задолжен за вршење на техничко административни работи за потребите на Друштвото, вклучително навремено организирање на доставувањето на материјали за работа, основни средства и останата документација во Генерална дирекција и продажни места на Друштвото, се грижи и одржува комуникација со лицата задолжени за техничко одржување на канцериите на друштвото, ги информира и се грижи за отстранување на сите дефекти нивно сервисирање, се грижи за сервисирање и одржување на службените  како и врши други техничко адимистративни работи во Друштвото.

Потребни квалификации и карактеристики:

  • ССС или ВСС
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Способност за тимска работа;
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија
  • Познавањето на Турскиот јазик ќе се смета за предност

Доколку  сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV на следната е-маил адреса: career@halkinsurance.com.mk, со назнака “Оглас за вработување на Референт за административни работи во Генерална дирекција. 

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.

Напомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

КЛИКНИ