Глобал Гроуп Консалтинг лого

Сениор сметководител

Плата од 60.000 ден.

За компанијата:

ГЛОБАЛ ГРОУП КОНСАЛТИНГ (GGC) претставува реномирана компанија од Скопје, специјализирана за ревизорски услуги, бизнис консалтинг (даночен, економски и правен консалтинг), сметководствени услуги и правни услуги.

повеќе за компанијата »

Активни огласи од Глобал Гроуп Консалтинг:

Практиканти во ревизија и сметководство

ГЛОБАЛ ГРОУП КОНСАЛТИНГ (GGC)  претставува реномирана компанија од Скопје, специјализирана за ревизорски услуги, бизнис консалтинг (даночен, економски и правен консалтинг), сметководствени услуги и правни услуги.

GGC претставува One Stop Shop компанија, каде претприемачот може да ги добие сите услуги за основање на нов бизнис, пристап до финансии, сметководство, консалтинг и правни услуги за правилно и законско водење на бизнис.

Поради зголемен обем на работа во секторот сметководство - имаме потреба од:

Овластен сметководител

Што нудиме ние?

  • Соработка со одлични колеги и работа во тим од професионалци
  • Почетна плата од 60.000 денари или повисока во зависност од квалификации и искуство
  • 13-та плата во износ од една месечната плата
  • Пријатна работна средина во современ канцелариски простор
  • Редовни внатрешни и платени надворешни обуки 
  • Пристап до стручна литература и современи апликации
  • Работа со одлични клиенти (странски и домашни компании)

Потребни квалификации:

  • Поседување на Уверение за овластен сметководител издадена од ИСОС
  • Најмалку 4 години работно искуство во областа на сметководство
  • Завршен економски факултет  
  • Способност за целосно самостојно водење на финансиско сметководство на клиенти
  • Самостојно составување на годишни сметки и даночни пријави
  • Напредно познавање на важечките даночни и сметководствени прописи

Заинтересираните кандидати своето CV може да го пратат на: [најави се за да го видиш е-маилот]  

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »