Продукт менаџер

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Eуроимпекс ДОО е првата приватна компанија од автомобилска индустрија, основана 1990 година на Македонскиот пазар. За овие 30 години успешно стопанисување, остваривме одличен развој благодарејќи на компаниската стратегија и на нашиот тим. Денес, сме компанија со 80 вработени лица, застапуваме 10 бренда, од кој за брендот Peugeot сме Генерални застапници на 5 пазари: С.Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.  Од неодамна и бендот Opel го застапуваме на регионалниот пазар покривајќи ги териториите на С.Македонија Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

Во тек е процес на формирање на тимот за брендот Opel и отворен è оглас за:

  • ПРОДУКТ МЕНАЏЕР

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО

  • Анализа на производи (патнички и товани возила), следење на сите промени и новитети и дефинирање на производи;
  • Детално следење на движењата на пазарот и конкуренцијата;
  • Извршување на сите потребни активности за обезбедување податоци за производите за потребите на продажниот тим;
  • Учество во изработка на долгорочни и краткорочни стратегии и планови;
  • Учество во изработка на продажна политика, анализи, ценовно позиционирање;
  • Оперативно креирање на порачки во систем на принципалот, нивно следње, модифицирање;
  • Поттикнување на продажба.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • ВСС;
  • Одлично познавање на автомобилските брендови и модели;
  • Работно искуство од минимум 5 години на иста или слична позиција;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Напредно познавање на MS Office, способност за учење/адаптација за користење на софтвери на принципалот;
  • Комуникациски, преговарачки, презентерски вештини;
  • Аналитичност, прецизност, работа со детали и во динамично окружување;
  • Превземање на одговорност, иницијативност, посветеност, индивидуален и тимски играч.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и да ги остварите своите амбиции и визијата за својот личен успех, Вашето CV доставете го на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Крајниот рок за аплицирање е : 12/31/2020

Кандидатите со работно искуство во автомобилската индустрија, на иста или слична позиција, ќе имаат предност.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »