Промовирани огласи »

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција дел од меѓународна акција против голема инвестициска измама со криптовалути. 

На барање на шпанските, германските и финските власти, ЕВРОПРАВДА и ЕВРОПОЛ поддржаа меѓународна акција против голема инвестициска измама што вклучува употреба на криптовалути. Акцијата беше спроведена на 8 и 9 ноември во Албанија, Бугарија, Грузија, Северна Македонија и Украина.

На барање на Истражен судија од Основниот суд на Бамберг, за потребите на предмет оформен во Бамберг – Германија, преку македонскиот јавен обвинител за врски во ЕВРОПРАВДА, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и обвинители од обвинителство Бамберг – Германија реализираа заеднички активности. Според наводите во доставеното барање, тамошниот суд донел одлука за спроведување на истражна постапка против македонски државјани за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Измама. Имено, во 2016 година, со цел да извршува заеднички континуирани кривични дела на измама во форма на т.н. сајбертрејдинг, била создадена организирана криминална група на која припадници станале многу лица од голем број европски земји, меѓу кои и осомничените. Групата инсталирала голема мрежа на лажни фирми и управувала со бројни трејдинг платформи. Воедно, со цел да ги извршува делата отворила повикувачки центри, организирани во т.н. дескови според мајчиниот јазик на клиентите, велат од ОЈО. 

Членовите на групата во улога на агенти, на различни домени се обраќале на заинтересирани лица и создавале привид дека тргуваат со различни финансиски инструменти, особено со бинарни опции, ЦФД-а, Форекс и криптовалути. 

Користејќи т.н. афилијативен маркетинг и манипулативни реклами групата врбувала бројни клиенти да пополнат контактен формулар во кој ги оставале нивните лични податоци. „Агентите“ потоа преку повикувачките центри телефонски стапувале во контакт со интересентите и им ветувале високи добивки за првична уплата од 250 евра. Овие центри функционирале во две одделенија – одделение со конверзиони агенти чија задача била да го убедат клиентот да изврши прва уплата и одделение со ретенциони агенти кои понатаму се грижеле за клиентите, односно на жртвите лажно им ја прикажувале нивната уплата и можностите што им се нудат преку различни финансиски продукти. Најголем број на вакви центри се отворени во Албанија, Грузија, Северна Македонија и Украина. Откако средствата биле уплаќани, „агентите“ симулирале наводна трговија со финансиски инструменти која никогаш не се случувала. Уплатените пари, членовите на групата ги присвојувале за себе и според пресметките на ЕВРОПРАВДА причинетата штета се проценува на 50 милиони евра годишно. Во Скопје од 2019 година групата инсталирала два повикувачки центри што работеле на истиот начин, а каде осомничените се јавуваат како сопственик и управители на повикувачките центри. При извршените претреси се одземени уреди за електронска комуникација, а јавните обвинители ги сослушаа осомничените лица, додаваат од ОЈО. 

Во рамките на целата акција се претресени 15 повикувачки центри (шест во Албанија, пет во Грузија, три во Украина и еден во Северна Македонија), како и 27 други локации, а пет осомничени од кои четири во Албанија и едно во Грузија се уапсени. При претресите одземени се околу 500 електронски уреди, 344.101 евро во готовина, мобилни телефони, банкарски сметки, паричници за криптовалути, имот, лични документи и банкарски картички, како и стотици други документи. Во акцијата освен надлежните органи на државите каде што беа спроведени активностите, учествуваа и Финска, Германија, Латвија, Шведска и Шпанија.

Бројот на жртвите на оваа голема онлајн измама се проценува на стотици илјади, што укажува на потребата потенцијалните инвеститори да бидат дополнително внимателни при онлајн инвестирање и да проверуваат дали веб-страниците припаѓаат на правните лица што легитимно работат.​

Промовирани огласи »

Бројот на туристите во септември годинава изнесува 103 787, од кои 32,9 проценти се домашни, а 67,1 процент се странски. Во септември официјално се регистрирани 221 927 ноќевања, од кои 36,9 проценти од домашни туристи, а 63,1 процент од странските, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Од вкупно евидентираните 69 633 странски туристи, најбројни се од Турција. 11 187, по што следат тие од Србија, 7 617, од Полска, 4 647, Германија, 4 314, Бугарија, 2 900, Грција, 2 485.

Во септември годинава, езерските места ги посетиле 46 594 туристи, во Скопје се регистрирани 35 729, планинските места 4 649, бањските 3 276, а други места посетиле над 13 000 туристи. Хотелско сместување користеле 85 498 туристи, од кои 24 114 одбрале хотели со пет ѕвезди. Во куќи, станови за одмор и соби за издавање се сместиме  12 183, а по околу илјада туристи користеле кампови, преноќишта и бањски лекувалишта.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во периодот јануари – септември годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 37 проценти,  при што кај домашните туристи има зголемување за 4,3 проценти, а кај странските зголемувањето е за 88,2  проценти.

Во периодот јануари – септември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 21,3 проценти, кај домашните туристи има зголемување за 2,4  проценти, а кај странските зголемувањето е за 76,2 проценти.

Промовирани огласи »

Денес на 11.11.2022 се одржа љубилејната 5та конференција за е-трговија во Македонија во организација на асоцијацијата за е-трговија. KARIERA.mk беше дел од настанот и уживаше во одличните панел дискусии и презентации од врвни професионалци од IT и маркетинг индустриите. 

Меѓу најинтересните факти од истражувањето на асоцијацијата беше дека македонецот купува онлајн еднаш до два пати во 3 месеци, прави нарачки најчесто до 50 евра, а најмногу нарачува од домашни е-трговци.

KARIERA.mk по втор пат беше дел од овој настан кој мотивира и носи одлична енергија и можности за вмрежување! Ние продолжуваме да ги следиме трендовите во е-трговијата и честитаме за одличната организација на настанот!

Во прилог и фотографии од денес

Промовирани огласи »

Компанијата ЕЛИНГ ДОО Увоз – Извоз Скопје со дејност трговија на големо со електро материјали на македонскиот пазар постои веќе 27 години.

Моментално вработува на следната работна позиција:

МАГАЦИОНЕР

УНХЦР е основана на 14 декември, 1950 и ја наследи претходната агенција, Агенција за олеснување и рехабилитација на Обединетите нации. Агенцијата има мандат да води и координира меѓународни акции за заштита и решавање на проблемите на бегалците низ целиот свет. Нејзина главна цел е да ги заштити и да обезбеди почитување на правата на бегалците. Таа се стреми да обезбеди секој да може да побара азил и да најде безбедност во друга земја, со опција доброволно да се врати во сопствената земја, да се интегрира или да се пресели во друга земја.

Моментално е отворена следнава работна позиција:

SNR IT ASSISTANT – SPECIALIZATION IN INFORMATION MANAGEMENT (IN REPLACEMENT CAPACITY)

Skopje City Mall е првиот современ трговски центар во Македонија со потполно нов концепт кој ги обединува шопингот, забавата и дружењето. Како најголем центар од ваков карактер во регионот, Skopje City Mall полека прераснува во новото обележје на модерно Скопје. Со својата уникатност, подеднакво и во понудата и во дизајнот, Skopje City Mall привлекува посетители од целата држава и пошироко нудејќи им неповторливо искуство преку една нова димензија на шопингот.

Моментално вработува:

РАБОТНИК НА ИНФОРМАЦИСКИ ПУЛТ

„Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 135 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со производство од околу 5.000 тони годишно и продажба на странскиот и на домашниот пазар.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ВО ФИНАНСИИ
СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ВО ИЗВОЗ
СОВЕТНИК ЗА МАРКЕТИНГ
ПРОДАВАЧИ

Уживајќи во извонредната локација во срцето на градот - античката Стара чаршија - ова уникатно одморалиште со 5 ѕвездички во Скопје „Буши хотел & СПА“ се наоѓа веднаш до најпознатите градски атракции како Старата чаршија, џамијата Мустафа Паша, црквата Свети Спас, Националниот музеј и е на само неколку чекори од главните амбасади, државните институции и деловните згради. СПА центарот во склоп на хотелот е единствениот од ваков вид во целиот регион. Тој нуди затворен базен, џакузи, 5 простории за масажа, места за масажа на стапалата, Финска сауна, солена сауна, многу професионална и добро опремена турска бања, соблекувални, тушеви. Буши хотел и СПА располага со 2 конференциски сали - конференциска сала Вардар и ресторан Чаршија.

Моментално вработува:

САЛАТЕР/КА И ХИГИЕНИЧАР/КА ВО КУЈНА

Paket.mk е интернет супермаркет кој ви овозможува избор на повеќе од 4.000 намирници достапни за достава истиот ден.

Моментално вработува на следниве позиции:

АДМИНИСТРАТОР ВО СМЕТКОВОДСТВО

Сенатор Македонија ДОО Скопје е компанија чија основна дејност е коцкање и обложување во вкупно 50 подружници- автомат клубови за игри на среќа во главниот град, а исто така и во поголемите градови низ државата.

Моментално вработува:

ХОСТЕСИ - ШАНКЕР/КИ- КАСИЕР/КИ – СКОПЈЕ

Тезенис беше лансиран во септември 2003 година, во близина на Верона, Италија, со цел да се создаде бизнис во продажба на долна облека, домашна облека и пижами за мажи, жени и деца, преку продажна мрежа за франшиза. Од 2003 година, Тезенис има отворено повеќе од 190 продавници главно во Италија и во Европа. Успехот на Тезенис се должи на голем број фактори: примарни локации, огромен асортиман на производи, многу конкурентни цени и продажни техники со иновативнa малопродажба. 

Моментално вработува:

МЕНАЏЕР НА ПРОДАВНИЦА
АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА - EAST GATE MALL
АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА - CITY MALL

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Сите отворени работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »