Лекот кој го забавува оштетувањето на мозокот кај луѓето со Алцхајмерова болест, лекарите го нарекуваат „значаен напредок“.
Резултатите од тестирањето на новиот лек ставија крај на една деценија неуспеси.
Се испраќа порака дека е можно да се најде лек кој ќе ја лекува најчестата форма на деменција - Алцхајмеровата болест.
Сепак, влијанието на новиот лек лекенемаб засега е мало и прашање е како тој помага во секојдневниот живот на заболените од оваа болест.
Лекот делува кога се дава во раните фази на болеста, така што оние со напредната болест нема да можат да го користат.
Тој е дизајниран да ги отстрани купчињата токсичен бета-амилоид протеин што се таложи во мозокот на луѓето со Алцхајмерова болест.
Истражувачите од Велика Британија за Алцхајмеровата болест велат дека резултатите се „значајни“.
Џон Харди, еден од водечките истражувачи во оваа област, го нарекува „историски момент“, додавајќи дека на повидок е развој на терапија за овој здравствен проблем.
Тара Спајрс-Џонс од Универзитетот во Единбург истакнува дека резултатите се важни затоа што долги години сè е неуспешно.
Досегашната практика е на луѓето кои боледуваат од Алцхајмерова болест да им се даваат лекови кои само ги контролираат симптомите, но тие не влијаат на текот на болеста.
Леканемаб е антитело како оние кои напаѓаат вирус или бактерии, кои се направени за да го предупредат имунолошкиот систем да го отстрани амилоидот од мозокот.
Амилоидот е протеин кој се депонира во просторот помеѓу невроните во мозокот.
Ги формира карактеристичните плаки кои се клучна карактеристика на Алцхајмеровата болест.
За време на испитувањето, 1.795 волонтери во раните стадиуми на болеста добивале инјекција од лекот на секои две недели.
Резултатите, претставени на конференција во Сан Франциско - Клинички испитувања за Алцхајмерова болест, беа објавени во списанието New England Journal of Medicine, но тие не се чудотворно лекување.
Болеста продолжи да ги уништува мозочните клетки, но лекот ја забави прогресијата на болеста за една четвртина во текот на 18-месечното испитување.
Во Америка моментално се дискутира за влијанието на лекот и дали тој треба да биде вклучен во поширока употреба.
Фармацевтските компании „Еисаи“ и „Биоген“, кои работеа на развојот на лекот, планираат да аплицираат за лиценца и во други земји.
Дејвид Есам е од Кент, град во Велика Британија, има 78 години и учествувал во испитувањето на лекот.
Алцхајмеровата болест го натерала да ја напушти работата како млад човек - не можел да се сети како да изгради нешто или како да користи алатка.
Тој користи дигитален часовник, бидејќи повеќе не може да го одреди времето на обичен часовник.
„Тој веќе не е човекот како некогаш, му треба помош за многу работи, неговото сеќавање речиси и да не постои“, вели неговата сопруга Шерил.
Но, експериментот со новиот лек му даде надеж на семејството.
Ако некој може да ја забави или спречи Алцхајмеровата болест, тоа би било одлично, бидејќи тоа е толку ужасна работа, вели Дејвид.
Во светот има околу 55 милиони луѓе како Дејвид, а некои проценки се дека до 2050 година бројот на заболени од оваа болест ќе надмине 139 милиони.
Фото: unsplash