Промовирани огласи »

Засега останува иста цената на патарините во државава, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Ејуп Рустеми, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на конференцијата „Безбедност на патиштата, предизвици и мерки за безбедни патишта“.

Рустеми информираше дека продолжуваат со модернизација на патарините на Коридорот 8.

Како ЈПДП продолжуваме со модернизација на патарините по Коридорот 8, при што се очекува да почнеме со работа од март следната година и очекуваме до крајот на годината и Коридорот 8 да биде целосно модернизиран, односно да се спроведе електронско плаќање, рече Рустеми.

Со процесот на модернизација сите наплатни станица треба да имаат ист електронски ситем на наплата на патарина, како што е воспоставен и на Коридорот 10. На  постоечки наплатни станици на Коридор 8 треба да се изврши реконструкција за поставување на системот на електронска наплата, на кабините, на островот каде што се кабините и на сообраќајните ленти за поминување.

Рустеми исто така напомена дека согласно одлуката од „Отворен Балкан“, продолжуваат со соработка и со јавните претпријатија на Србија и на Албанија за заедничкиот проект за воспоставување еден уред за наплата на патарини во трите држави. Проектот е во фаза на прилагодување на системите, изработка на веб апликација и законски усогласувања.

ЈПДП во вториот квартал годинава наплати патарини во износ од 745.037.340 денари (12 милиони евра). Во споредба со истиот период од минатата година, приходот од патарини е поголем за 13,6 проценти, односно за 89.166.912 денари.

Промовирани огласи »

Министерот за внатрешни работи денеска  се обрати на научен собир на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш” во партнерска организација на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Факултетот за безбедност и Министерството за внатрешни работи,  што се одржа во амфитеатарот на Факултетот за безбедност во Скопје.
Министерот Спасовски во своето излагање потенцираше дека секоја техничко-технолошка новина во себе носи важни дилеми кои бараат соодветни правила на прилагодување, особено ако практичните ускуства покажуваат конкретни проблеми при користењето.

Фактот дека според Светската здравствена организација одвлеченото внимание на возачот поради користење на мобилен телефон се јавува како причина во безмалку една четвртина од сите сообраќајни незгоди, јасно ни укажува дека одредени модерни технолошки алатки едноставно не можат да се користат секаде и во секоја прилика. Евидентно е дека се соочуваме со еден нов и потенцијално многу опасен феномен кој согласно статистиките и аналитички согледувања има капацитет на крајно сериозна закана, чија цена се човечки несреќи и трагедии, ја дефинираше опасноста од користењето на мобилните телефони министерот Спасовски.

Министерот Спасовски истакна дека препознавајќи ја таа опасност повеќе години наназад сите релевантни институции од областа на сообраќајот не само што законски го нормираа како казниво поведение користењето на мобилните телефони при возење, туку интензивно се вклучија во превентивно делување и заеднички работеа на подигнување на јавната свест, дека на користењето на мобилните телефони не му е местото во сообраќајот, без разлика дали станува збор за управување на моторно возило, минување на сообраќајниците или   велосипедска рекреација, притоа не исклучувајќи ниту еден учесник во сообраќајот.

Сообраќајниот прекршок „зборување на мобилен телефон” во последниов период бележи пораст, па во изминатата 2021 година биле процесуирани дури 1.617 вакви прекршоци. Оваа година, од нејзиниот почеток заклучно со крајот на септември санкционирани се 2.128 возачи за користење на мобилен телефон при возење. Како што претходно истакнав, порастот на бројката е резултат на рапидно зголемената активност на полицијата во санкционирањето на непочитувања на сообраќајните правила и прописи, ги презентираше официјалните статистики од аспект на полициска работа министерот Спасовски. Претседателката на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Гордана Кожуваровска потенцираше дека според истражување на РСБСП дека на светско ниво 45% од возачите користат мобилен телефон додека возат, а во Република Северна Македонија тој процент е дури 60% од возачите.

Употребата на мобилен телефон додека се управува со моторно возило е ризично, опасно, но и спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Не постои разговор на мобилниот телефон чија важност може да се спореди со пристигнувањето на посакуваната дестинација безбедно и со добро здравје, сублимираше Кожуваровска.

Мобилните телефони во комбинација со управување со моторно возило може да бидат смртоносни алатки. За тебе или за другиот учесник во сообраќајот. Застани, размисли, не брзај, внимавај! Опасностите се на секој агол, статистиките се поразителни! Кога возиш, остави ги за подоцна сите разговори на мобилниот телефон. Заштити се себе си и другите учесници во сообраќајот!, акцентираше деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски  сложувајќи  се со другите ученици на научниот собир дека ваквите стручни настани и вклучувањето на повеќе различни институции  и на стручните но и на образовните, односно академски средини, можат дополнително да придонесат за разбирањето и решавањето на ваквите негативни феномени.

Промовирани огласи »

На некои европски аеродроми се укинуваат ограничувањата за носење пакувања од повеќе од 100 мл течност во рачниот багаж. Одредбата најверојатно ќе стапи на сила во 2024 година.

Ограничувањето од 100 мл по пакување во рачниот багаж им го отежнува пакувањето на многу луѓе, затоа што, покрај водата за пиење, тоа важи и за шампони, гелови за туширање, производи за шминка.

Како што беше пропишано во 2006 година по теро ристичкиот нап ад на лондонскиот аеродром Хитроу, при секое патување, сите течности дополнително се пакуваат во проѕирни пластични кеси што се затвораат. Освен непријатностите од ваквото пакување на тоалетните и средствата за лична хигиена, повеќето луѓе ги забораваат овие кесички, а различните аеродроми имаат различни прописи за тоа колку треба да биде голема торбата и колкав број на мали шишиња се дозволени во неа.

Поради ова, се создаваат големи гужви и често се отвораат патничкитре куфери за, на пример, дезодоранси или креми, кои не спаѓаат во оваа категорија.

Напредокот на технологијата многу ја олесни безбедносната проверка и можноста да се идентификуваат потенцијално опа сните материи, така што сите големи аеродроми во Велика Британија ќе го укинат ова правило во 2024 година.

Багажот ќе минува низ специјални ЦТ скенери кои ќе создаваат 3Д слика, а резултатите од ваквото скенирање се задоволителни и ќе доведат до укинување на ваквите забрани.

Сепак, и покрај овие измени, другите одредби за ограничување на рачниот багаж ќе останат исти, па така, на пример, останува на сила абраната за патување со остри предмети или поголеми ножици.

Промовирани огласи »

Како што се менуваат времињата, така се менуваат и социјалните норми за лично и професионално однесување, но тоа не значи дека основниот бонтон не е важен. Понекогаш забораваме дека бизнисот е поврзан со луѓе.

Ни недостасуваат компетентни и доверливи луѓе во деловниот свет, манирите можат да ја направат разликата. Дали би сакале да соработувате, да работите или да купувате од некој кој има високи стандарди на професионално однесување? Многумина, но не сите, од нас ги следат овие 5 проверени правила за подобро однесување. 

Претставување
Секогаш запознавајте ги луѓето со другите секогаш кога ќе им се укаже прилика, освен ако не знаете дека веќе се запознаени. Тоа ги прави луѓето да се чувствуваат ценети, без разлика на нивниот статус или позиција.

Ракувањето
Не само што овој едноставен гест покажува дека сте љубезни, самоуверени и пристапливи, туку и го поставува тонот за секоја потенцијална идна професионална врска. Во многу лежерна работна атмосфера, можеби ќе можете да се извлечете со климање или здраво, но вреди да вложите дополнителни напори за да ја пружите раката.

Секогаш кажувајте „Ве молам“ и „Благодарам“.
Ова треба да се подразбира, но дури и во многу лежерна професионална атмосфера, оваа основна форма на учтивост е сè уште императив.

Точност
Сите сме зафатени, но да се биде точен им покажува на другите дека го цениш нивното време. Ако доцните не значи дека сте позафатени од другите тоа само значи дека сте невнимателни.

Исклучете го телефонот за време на состаноците
Кога сте на состанок, фокусирајте се на дискусијата на состанокот. Не примајте повици, пораки или е-пошта. Тоа е непочитување на другите присутни. Тоа исто така прави состаноците да траат подолго бидејќи учесниците постојано го губат фокусот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »