Промовирани огласи »

Од 30 на максимум 15 дена, да се намали бројот на денови што се плаќаат за боледување, а се на товар на работодавачите, бараат текстилните и кожарските компании. Ангел Димитров, претседател на Здружението што ги застапува интересите на овие два сектора, вели дека сè почесто добиваат поплаки од работодавачите за злоупотреба на боледувањата и дека оваа појава е почеста во летниот период. Според Димитров, чесно е да се каже дека лажните боледувања не се феномен само на приватниот сектор.

Одат во странство, работат на нива, а по истекот на еден месец, паузираат ден или два, сè додека матичните лекари не им отворат ново боледување со нова дијагноза. Работата во овие два сектора е врзана со рокови. Во приватниот сектор не сте во позиција да имате неколку вработени на едно работно место, туку секое работно место е испланирано, така што отсуството на еден вработен го чувствуваат и работодавачот и колегите. Ние не можеме да знаеме колку ќе трае боледувањето, сакаме да ја завршиме работата навреме, а згора на тоа не можеме прекуноќ да најдеме нови работници – вели Димитров.

Тој открива дека во новиот Закон за работни односи посебно се третира оваа проблематика, но е скептичен дали Фондот за здравство има доволно време и вработени за да ги заврши контролите во реално време.

Дали ќе биде возможно да се контролираат сите боледувања? Едни се отвораат, други се прекинуваат. Нам ни треба да се открие злоупотребата веднаш, а не по три месеци. Затоа и бараме скратување на боледувањата што одат на наш товар, односно наместо 30 на 15 дена – објаснува Димитров.

Промовирани огласи »

Околу 2700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3000 денари, овие студенти во иднина ќе земаат стипендии во висина од 6050 денари.

Со оваа одлука МОН одговори на барањата на студентите и уште еднаш ја потврди заложбата за еднаквост и грижа за оваа категорија граѓани.

Студентите корисници на оваа категорија стипендии, во текот на идната недела ќе бидат информирани за начинот и постапката за регулирање на ова право.

Промовирани огласи »

Повеќе од 30 од најбогатите во Норвешка побегнаа во Швајцарија и други земји во текот на изминатата година, бидејќи деловните лидери изразија загриженост за данокот на богатство што го наплаќа централно-левичарската влада на Осло, пишува Фајненшл тајмс.

Јавните податоци во регистерот на населението на Норвешка покажуваат дека најмалку 30 милијардери и милионери ја замениле просперитетната скандинавска нација за алпската јурисдикција со пониски даноци во 2022 година. Меѓу нив е и рибарскиот и нафтен магнат Кјел Инге Роке, некогаш најбогатиот човек во Норвешка.

Други се преселиле во земји како Кипар, Италија и Канада. Други, најверојатно, ќе го следат примерот, бидејќи богатите се загрижени за даночните промени за кои велат дека и наштетуваат на конкурентноста на земјата. Истото го мислат и даночните советници.

Изборот помеѓу животот во Норвешка и успехот на компанијата

Последниот меѓу милијардерите што ја напушти Норвешка е Фредрик Хага, 31-годишниот ко-основач на компанијата за податоци за криптовалути Duna, вредна милијарда долари, кој наскоро и официјално ќе регистрира живеалиште во Цуг, Швајцарија. „Морав да изберам помеѓу животот во Норвешка и успехот на компанијата.

Не е дека не сакам да плаќам данок. Станува збор за плаќање данок на пари што ги немам“, изјави Хага за „Фајненшл тајмс“. Во центарот на дебатата е данокот на богатство на Норвешка, кој се наплаќа на сите нето средства во вредност од над 1,7 милиони норвешки круни односно (173.000 долари) со стапка од 1,1 отсто за најбогатата Швајцарија има и данок на богатство, но нуди бенефиции за странците.

За претприемачите како Хага, чијшто најголем дел од средствата се врзани за неговата компанија, даночната структура може да доведе до ситуација кога тие треба да плаќаат големи дивиденди или дури и да продадат дел од бизнисот. Меѓутоа, бидејќи Dunа сè уште работи со загуба, но рапидно расте, не можеше да плати дивиденда и не сака да го продаде уделот.

Група богати Норвежани кои минатата година заминаа во Швајцарија, според нивните годишни даночни пријави, имале вкупно богатство од 29 милијарди круни и платиле 550 милиони круни како данок. Егзодусот во текот на 2022 година е поголем отколку во претходните 13 години заедно, пресмета дневниот весник Дагенс Наерингслив.

Роке, кој се пресели во Лугано во септември и претходно плати 181 милион круни данок, одби да ја коментира својата ситуација. Данокот на богатство на Норвешка, еден од ретките кои сè уште се наплаќаат во Европа откако Франција го укина во корист на данокот на имот во 2018 година, долго време беше извор на незадоволство меѓу богатите во Норвешка.

Тоа го попречува норвешкиот бизнис на различни начини. Данокот ги принудува сопствениците да извлечат дивиденди од нивните компании, понекогаш повисоки од профитот. Тоа значително ги намалува инвестициите во компаниите, изјави за Фајненшл Тајмс Матилде Фастинг, даночен експерт.

Карл Јохан Лиер, извршен директор на AutoStore и минатата година деветти по големина даночен обврзник во земјата, рече дека разбира зошто луѓето си заминуваат, особено оние кои водат старт-ап.

Има многу луѓе кои не требаше да заминат, рече Лиер, додавајќи дека тој нема да биде еден од нив: „Овде имам семејство и внуци. Тоа е поважно од даноците.“

Хага рече дека нема многу да добие од јавното говорење, но сака да ги алармира претприемачите и новоформираната сцена во Норвешка: „Норвешка стана од лошо во ужасно место за почеток на бизнис. Причината за ова е данокот на богатство“.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Моментално вработува:

BUSINESS DEVELOPMENT LEAD
SALES ADVISOR – СТРУМИЦА
DATA ENGINEER

Singular е меѓународна компанија за игри и FinTech која континуирано се стреми да гради иновативни производи и да инспирира напредок низ целиот свет. Основана во 2009 година, Singular прерасна од старт-ап со 7 во претпријатие со 70 вработени лоцирано во 4 канцеларии и 2 развојни бази низ целиот свет. Ја правиме најфлексибилната ГЕМИНГ ПЛАТФОРМА на светот, со моќни алатки за back-office и над 5000 казино игри. Изградуваме софтвер што го користат милиони корисници. Посветуваме многу внимание на добрата архитектура и оптимизираните алгоритми. Почесто отколку не, нашите податоци се финансиски добра. Компромисот за квалитетот овде не е опција.

Моментално е отворено следново работно место:

AUTOMATION QA ENGINEER

Корпорацијата ХИБ Петрол, лидер во областа на продажба на нафтени деривати, ресторани и маркети, отвора конкурс за пополнување на слободни работни места за Новиот пункт во Скопје.

Моментално вработува:

МЕНАЏЕР ВО ПИЦЕРИЈА
ШАНКЕР/КА
ГОТВАЧ/КА - ПИЦА МАЈСТОР/КА
КЕЛНЕР/КИ

Шпаркасе Банка АД Скопје како дел од Steiermärkische Sparkasse и Erste Group нуди целосен опсег на банкарски услуги за компании и приватни лица, стремејќи се да обезбеди висока ефикасност и доверливост на клиентите, користејќи го широкото меѓународно искуство на Групацијата. Банката во моментов има биланс од 17,48 милијарди МКД и 56.700 клиенти кои се опслужени во 27 експозитури низ цела Македонија.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ ЗА НАСЕЛЕНИЕ – СТРУМИЦА

КликниЈади е компанија која врши достава на храна од многу ресторани во Скопје до вашиот Дом или Канцеларија. Сервисот Кликни Јади е основан на почетокот на 2015 год. и до денес има на располагање вкусни јадења од 100 ресторани во Скопје. Секојдневно во преговори со нови ресторани и работат напорно за да обезбедување голем избор на вкусни јадења за сечиј вкус.

Моментално вработува:

CALL AGENTS

Силата на КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ - НЕЖИВОТ е во нашите осигуреници, кои на современ и одговорен начин пристапуваат кон секојдневните активности. Во склад со светските трендови во осигурителната индустрија, го поттикнуваме размислувањето надвор од рамките и промовираме култутра на иновации во нашата компанија.

Моментално е активно следното работно место:

ОФИЦЕР ЗА ЛОГИСТИЧКА ПОДДРШКА

Вграден врз силното искуство во производствениот сектор, што основачите го развија во Шведска за време на глобалното проширување на 90-тите години, LEORON еволуираше во сеопфатен институт за обука, нудејќи решенија за обука и развој во сите стратешки корпоративни функции, вклучително и корпоративни финансии, човечки ресурси, SCM, операции , и инженеринг. Со стратешка дистрибуција на нашите канцеларии во водечки локации, како што се Дубаи, Ријад, Јонкопинг, Скопје, Акра и Алмати, нашиот тим експерти обезбедува околу 1200+ курсеви годишно, а околу 15000+ професионалци се опремени со соодветно образование и најнови увиди во широк асортиман на индустрии низ регионот ЕМЕА.

Моментално вработува:

INTERNATIONAL TRAINING CONSULTANT - LEORON SHTIP OFFICE
HR COORDINATOR
FRONT DESK REPRESENTATIVE
INSTRUCTIONAL DESIGN SPECIALIST
TRAINING CONSULTANT

Puzzle Brains е компанија-ќерка на Montway, која работи во Македонија, со канцеларии во Штип и Битола и моментално го прошируваме нашиот талентиран тим.

Отворени се следниве работни позиции:

HR MANAGER
ASSISTANT OPERATIONS MANAGER

Majorel дизајнира, гради и испорачува висококлвалитетна корисничка подршка, CX за многу светски водечки брендови. ги сервисира клиентите ширум светот преку 82,000+ вработени, лоцирани во 45 земји на 5 континенти на 60 јазици.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА СО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

Доколку сеуште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »