Промовирани огласи »

Изминатата година не беше најдобра за Tesla, барем во однос на публицитетот – акциите паѓаа, Елон Маск беше предмет на различни написи, вклучувајќи и тужби поврзани со безбедноста или ривалите кои почнаа да испорачуваат сопствени електрични возила. Ова доведе некои луѓе да се запрашаат дали златното доба на Tesla се ближи кон крајот.

Но, потоа ги гледаме финансиските бројки и ги споредуваме со оние на ривалите и можеме да видиме дека златното доба на Tesla само што започна.

Да почнеме со профитот: како што известува „The Street“, Tesla заработи повеќе пари отколку Ford и GM заедно. Tesla лани забележа добивка од 12,6 милијарди долари, наспроти 9,9 милијарди долари GM и 2 милијарди долари загуба за Ford, пишува „Jutarnji“.

Тоа е прилично лудо достигнување за компанија која дури и не е активна во некои големи сектори на автомобилскиот пазар. Не продава автомобили со SUS мотори или хибриди, нема субкомпактни или средни седани или теренци, а Cybertruck сè уште не е на продажба.

Приходите на Tesla за 2022 година беа 81,5 милијарди долари, додека GM заработи 157 милијарди долари, а Ford 158,1 милијарди долари. Што нè доведува до уште еден фискален факт за Tesla. Зборуваме за заработка по автомобил.

Извештајот на „Nikkei Asia“ вели дека Tesla заработувала пет пати повеќе по автомобил од Toyota минатата година. Помеѓу април и декември, Tesla заработуваше во просек 12,6 милиони јени (9.618 долари) по автомобил, додека Toyota заработи само 240.000 јени (1.832 долари) по автомобил.

Дел од вината за ова се припишува на поскапувањето на материјалите, што ги погоди сите производители на автомобили, но особено ја погоди Toyota. Трошоците на компанијата беа пријавени дека пораснале за 8,36 милијарди долари и таа сноси голем дел од зголемувањето на трошоците за енергија што ги погодија нејзините добавувачи.

Промовирани огласи »

Второ издание на настанот за вработување на Мајорел, Ден на Отворени врати (Virtual Open Day). Со цел да им се даде можност на сите заинтересирани кандидати од цела држава да се запознаат со Мајорел и работните можности, настанот ќе се одржи онлајн на 01.03.23 преку платформата Teams.

Virtual Open Day е настан за сите што имаат познавање од германски и англиски јазик. Ќе се запознаете со работните можности на Мајорел и ќе имате можност за кратко 10-минутно интервју за работа.

Настанот ќе опфати кратка презентација за Мајорел вклучувајќи и споделување исксуство од вработени. По презентацијата селектираните кандидати според пополнетата пријава ќе имаат можност за индивидуално кратко интервју за работа.

Настанот ќе се одржи онлајн преку Microsoft Teams платформата на 01.03.23 од 16:00 – 18:00 часот.

Агенда:
16:00 - 16:05 – добредојде
16:05 - 16:25 – презентација за Мајорел и споделување искуство на вработени
16:25 - 16:30 – прашања
16:30 - 18:00 - интервјуа за работа со селектираните кандидати

За учество во настанот потребно е да ја пополните пријавата до 26.02.23 на следниов линк - bit.ly/3YI2HI7

До 28.02.23, пријавените кандидати ќе добијат емиал со детали и линк за вклучување во настанот.

За Мајорел:

Мајорел е интернационална компанија со повеќе од 78 000 вработени во 41 земја ширум светот, обезбедува корисничка поддршка за едни од најпознатите светски брендови. Канцеларијата во Скопје обезбедува корисничка поддршка на германски и англиски јазик за клиент од туристичката индустрија.

Мајорел вработува без работно искуство, единствен услов е одлично познавање на некои од светски користените странски јазици.

Промовирани огласи »

Заменик-министерот за финансии, Филип Николоски гостуваше во „ТВ24“ каде што зборуваше за данокот за солидарност и кажа дека е веќе во собраниска процедура.

Самото име на данокот покажува дека целта е оние што направија дополнителен профит во време на криза, кој не доаѓа со инвестиции и циклуси, да покажат солидарност токму кон оние на кои им е најмногу потребно. Тие пари ќе бидат насочени за мерки, за помош на граѓаните која им е најпотребна во ваква економска криза. Со законот ќе бидат опфатени околу 200 компании, а прв услов е ако профитот е над 10 милиони евра промет, а вториот услов е ако профитот е над 20 отсто поголем од просекот на профитот од минатите четири години. Од овој данок би се собрале околу 70 милиони евра, кажа Николоски.

Николоски посочи дека законот бил изготвен по примери од Хрватска, Велика Британија и други земји.

Промовирани огласи »

Трошоците на живот во јануари се зголемиле за 17,1 процент во однос на истиот период лани, а цените на мало се пораснале за 13,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со декември 2022 година, трошоците на живот се зголемени за 0,1 процент, а цените на мало бележат намалување од 0,4 проценти. Пораст на трошоците на животот има кај кафето, чајот, какаото, рибата и морските плодови, свежото и разладеното овошје, жестоките пијалаци, месото, лебот и житата, прехранбените производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи.

Зголемување е забележано и кај собирањето смет, весниците, канцеларискиот материјал, електричната енергија, големите електрични апарати за домаќинствата, поправката на апаратите за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор, опремата за спорт, производи за лична хигиена...

 Намалување на трошоците на животот во споредба со декември има кај свежиот и разладен зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови, кај маслото и виното, како и кај воздухопловниот патнички транспорт, снабдувањето со вода, обувките, горивата, малите електрични апарати за домаќинствата...

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »