Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

ХАЛКБАНК е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар. Банката нуди широк асортиман на финансиски услуги, вклучувајќи персонално банкарство, кредитни картички, станбени кредити, потрошувачки кредити, штедење, бизнис кредити, како и платен промет во земјата и во странство.

Моментално вработува:

ИТ СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СИСТЕМ ЗА МИС
ИТ СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СОФТВЕР

Manpower водечката светска компанија за решенија за работна сила, им помага на организациите да се трансформираат во светот на работата што брзо се менува со привлекување, проценување, развивање и управување со талентот што им овозможува да успеат. Manpower Bulgaria ги усвои и имплементира сите најдобри светски практики и од 2006 година, го докажа своето искуство и кавитет на највисоко ниво.

Моментално вработува:

TECHNICIAN IN BULGARIA
MAINTENANCE ENGINEER IN BULGARIA
ONLINE DIGITAL GAME HOST – TURKISH SPEAKER

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 28 години.

Моментално вработува:

МАГАЦИОНЕР-ФИЗИЧКИ РАБОТНИК
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ШТИП
МОНТЕРИ НА КЛИМИ МУЛТИСПЛИТ СИСТЕМ И ТОПЛИНСКИ ПУМПИ

Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите постојани вложувања во производната технологија, започнување и спроведување на разновидни проекти во сферата на заштитата на животната средина, развој на заедницата и останати проекти во областа на Корпоративната Општествена Одговорност се главните придобивки од нашата филозофија на одржлив развој.

Моментално вработува:

ПЛАТЕНА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА ВО ПРАВНА СЛУЖБА

Компанијата ВИТЕК се бави во секторот на производство на хидраулични црева.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР НА МАШИНА
АСИСТЕНТ ВО HR
ОПЕРАТОР НА МАШИНА
ЗАВАРУВАЧ

ФИБЕРНЕТ М-К е специјализирана во Business-to-Business сегментот, услужувајќи бизниси и компании од сите сектори.

Моментално вработува:

ИНСТАЛЕР НА МРЕЖНА ОПРЕМА ЗА СКОПЈЕ И ТЕТОВО

Леар Корпорејшн се бави со производство на автомобилски навлаки и седишта во ТИРЗ – Тетово.

Моментално вработува:

OPERATORË NË PRODHIM
ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО
PRODUCTION PLANNER
РАКОВОДИТЕЛ ВО ПРОИЗВОДСТВО

B-Watch е најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници во Македонија.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА СКОПЈЕ

Американската гимназија Скопје нуди висококвалитетно образование и негувачка растечка средина заснована на концепт на учење насочен кон ученикот. Тоа е средно училиште кое е посветено на подготовка на младите луѓе за работа и живот во современото глобално општество. Успеваме да ги едуцираме студентите кои го почитуваат и придонесуваат за општеството на начин кој се надева дека нашата заедница, и на крајот, светот, ќе биде подобро место.

Моментално вработува:

PHYSICS TEACHER

Magna International Inc. е водечки глобален снабдувач на автомобили посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот.

Моментално вработува:

COORDINATOR FOR PROTOTYPE PRODUCTION
PRODUCTION PLANNER AND PROCUREMENT
LABORATORY TECHNICIAN
JUNIOR QUALITY ENGINEER – OUTSIDE MIRRORS

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Направете дневна листа со задачи и видете кои од нив се приоритетни. Поделете ги големите задачи на помали делови и решете ги една по една според важноста.

Од време на време направете проценка на вашата работа и запрашајте се како би можеле да ја сработите истата работа за помалку време. Доколку немате време за одредена задача, проценете дали може истата да се заврши и утре. Ако одговорот е негативен тогаш повторно направете листа со приоритетни задачи. Побарајте помош кога ви е потребна и разговарајте со останатите, (менаџерот или тимот), како меѓусебно повеќе да си помагате во работата и да го извлечете најдоброто еден од друг.

Обидете се да се изолирате од гужвата во канцеларијата за момент и фокусирајте се на вашите задачи. Ова е важно ако имате многу работа, а постојано ве прекинуваат.

Не се обидувајте да сработите повеќе отколку што можете во текот на денот. Бидете реални.

На крајот на денот направете увид на листата со задачи и одредете нови приоритети за следниот ден.

Не плашете се да преговарате за очекувањата и флексибилните распореди со вашиот претпоставен ако е потребно. Понекогаш околностите се менуваат.

Промовирани огласи »

Од вкупно поднесените претставки годинава кои се однесуваат на безбедноста на храната, 17 се поврзани со Добрата хигиенска пракса, а 15 се за промени во органолептичките својства на производите. Вкупно 14 се со наводи за сомнеж за безбедноста на производите, 13 се за присуство на контаминенти во храната, додека 12 се за поминат рок на употреба, открива за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

Бабовски истакнува дека е помал бројот на претставки кои се однесуваат на работа без одобрение на оператори со храна, измама на потрошувачи, сомнежи за труење со храна и други наводи. 

Во Одделението за заштита на правата на потрошувачите од почетокот на годинава досега се пристигнати 218 претставки, но предничат оние од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните и досега такви се 112. По бројност, по нив се оние кои се однесуваат на безбедноста на храната од неживотинско потекло. Нивниот број досега изнесува 90. Само 13 претставки се однесуваат на безбедност на храната од животинско потекло. Останатите се предлози, нагласува Бабовски.  

Минатата година, 226 од поднесените претставки до АХВ биле со наводи кои се однесувале на храната од неживотинско потекло, додека најмал бил бројот на претставки за безбедноста на храната од животинско потекло. Според Бабовски, нивниот број во 2022 година изнесувал 25.  

Промовирани огласи »

Групата Урбани уметнички акции која делува во склоп на Центарот за современи уметности креираа интерактивна канта за смет која зборува со минувачите и ги опоменува да не фрлаат ѓубре наоколу.

Како што информираат од Центарот за современи уметности, кантата  е направена од рециклирани материјали (стара цевка за канализација) и во неа е сметена електроника со сензори кои го детектираат движењето и опоменуваат да не се фрла ѓубре наоколу, a кога некој ќе фрли ѓубре кантата се заблагодарува и ја раскажува својата приказна за ѓубрето во градот. Посочуваат дека во својата беседа кантата нуди можност на граѓаните да поразговараат со неа и да ги слушнат причините зошто е валкан градот но и да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат мнозинство канти за ѓубре.

Од  Центарот за современи уметности соопштуваат дека во наредниот период кантата ќе биде поставена (пред дизајн студиото на Кинг оф принт во близина на кафе „Круг“ и кај Мобилната монтажна галерија во франкофонскиот парк) во центарот на Скопје, а од наредната недела граѓаните ќе можат да се сретнат и да поразговараат со кантата на различни локации.

Од Центарот се надеваат дека опоменувајќи ги граѓаните но и надлежните на ваков креативен и по малку хумористичен начин ќе успееме барем малку да влијаеме на подигнувањето на свеста за комуналната хигиена и да придонесеме кон почист град. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »