Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Постоењето и развојот на АМСМ, го обележаа низа структурални и организациони промени, некои како резултат на времето, а пак некои како одговор на потребата да се биде и да се остане поблиску до постарите, но и новите генерации.

Моментално вработува:

АГЕНТ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР
ВОЗАЧ МЕХАНИЧАР
МЕХАНИЧАР


Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Сите останати работни позиции од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Порше Македонија е компанија која ги застапува автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT, Porsche и Volkswagen комерцијални возила.

Моментално вработува:

ПРОДУКТ АСИСТЕНТ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

ТРЕНЕР/ОБУЧУВАЧ ЗА ПРОИЗВОДСТВО

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ НА ФРОНТ ОФИС ВО ЕКСПОЗИТУРА – БЕРОВО
РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА – ГЕВГЕЛИЈА
ВНАТРЕШЕН РЕВИЗОР ВО СЛУЖБА ЗА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин ќе ги најдете ТУКА.

Fashion Group повеќе од 15 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други.

Моментално вработува:

ИТ АДМИНИСТРАТОР

Првата компанија за осигурување на живот во земјава Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје. Од самото основање компанијата бележи позитивен тренд на работа и ја јакне својата пазарна позиција. Преку постојано воведување на иновации, нови производи, воспоставување на супериорен систем за грижа на корисници и праведен и брз систем за решавање на штети.

Моментално вработува:

МЕНАЏЕР ЗА РАЗВОЈ НА КАНАЛ НА ПОСРЕДНИЦИ ВО ОСИГУРУВАЊЕ

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ /HOUSE OF SAMSOMITE
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - ТЦ ВЕРО ЏАМБО

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Паметните телефони и интернетот сменија речиси сè, вклучувајќи го и нашето помнење. Со неограничен број на информации на дофат, не е изненадување што нашата способност да помнење започна да атрофира.

Без разлика дали учите нов јазик или само се обидувате да го запомните кодот за пристап до вратата од вашата канцеларија, постојат неколку трикови кои можат да ви помогнат поефикасно да ги запомните информациите.

За понапорни задачи, визуелизирајте делови од местото каде што се наоѓате (на пр. собите од вашиот дом). Оваа техника ги користи вашите вештини за навигација и просторна меморија за да ви помогне да се потсетите на делови од информации на линеарен начин.

Една техника која може да ви помогне да запомните списоци се нарекува поврзување или асоцијација. Со ментално поврзување на ставките од линијата една со друга на креативен начин, ќе имате поголема веројатност да запомните отколку ако едноставно сте се обиделе да ја запаметите листата на памет.

Покомплексните информации - на пример долги броеви - полесно се запомнуваат кога ги делиме на делови. Познат пример за „делење“ е начинот на форматирање на телефонските броеви.

Ова се само од неколкуте начини како да ја подобрите вашата меморија на работното место па и воопшто за подобро помнење и извршување како на работните така и на секојдневните задачи со успех.

Промовирани огласи »

На германските работодавци им недостасуваат работници и експерти: во ИТ секторот, како и во грижата, занаетчиството, технологијата, логистиката и многу други дејности.

„Законот за натамошен развој на квалификуваната имиграција“, кој беше донесен летово, има за цел да ги намали пречките за имиграција на работници и експерти од таканаречените трети земји, односно од земјите надвор од Европската унија.

Новите правила ќе стапат на сила во три чекори, со цел надлежните институции навреме да се подготват. Овие правила може да се најдат на порталот на сојузната влада за квалификувани работници од странство, на германски, англиски, шпански и француски јазик.

Првите измени ќе стапат на сила на 18 ноември 2023 година.

Нови правила - Сина карта на ЕУ

Со сината карта на ЕУ може веднаш да се имигрира во Германија - без да се провери дали се достапни Германци или граѓани на ЕУ и без доказ за познавање на јазикот. Новиот лимит на плата е намален на 40.000 евра за дефицитарните занимања и почетниците во кариерата и нешто помалку од 44.000 евра за сите други професии (податоци од 2023 година).

Списокот на дефицитарни занимања се проширува и вклучува, меѓу другото, наставници, медицински сестри и техничари. Целосната листа е на четири страници.

Досега тоа беа професии од областа на математиката, информатиката, природните науки, инженерството и медицината. За ИТ секторот и експерти без високо образование можат да добијат сина карта на ЕУ, доколку дадат доказ за работно искуство од најмалку три години.

Право на престој, помалку ограничувања

Квалификуваните работници и лицата со академско образование, кои ги исполнуваат сите услови, сега - имаат право - да добијат дозвола за престој. За ова досега надлежните институции можеа самостојно да одлучуваат.

Дополнително, се укинува ограничувањето за работа во областа на занимањето што лицето го проучувало или студирало. Обучен механичар, на пример, може да работи и во логистика. Исклучок се регулираните професии во медицината, правото или образованието

На професионалните возачи ќе им биде полесно да добијат одобрение од Федералната агенција за труд. Се укинуваат обврската за познавање на јазикот и проверката на приоритет Дополнителните измени треба да стапат на сила во март 2024 година.

Имиграција со работно искуство

Признавањето на професионалните квалификации во Германија, кое претходно често претставуваше бирократска пречка, може да биде изземено за експерти со работно искуство.

Оние кои имаат признаена професионална диплома во земјата на потекло и најмалку две години работно искуство можат да имигрираат во Германија како работна сила. Тоа треба да ја забрза целата процедура. Исклучок се регулираните професии во медицината, правото или образованието. На ИТ професионалците не им треба диплома.

Партнерство за признавање на странски професионални квалификации

Секој на кој му е потребна дополнителна квалификација во Германија за да ја признае својата диплома, ќе може да остане во Германија до три години во иднина. На кандидатите им е дозволено да работат и до 20 часа неделно покрај работата на квалификацијата.

Ако работодавците во Германија и кандидатите од трети земји склучат партнерство за признавање диплома, квалификуваните работници можат да дојдат директно во Германија и да започнат со работа додека процесот е во тек. Престојот може да се продолжи до три години. Условот е најмалку двегодишно стручно образование и основно познавање на германски јазик (А2).

Покрај медицинскиот персонал (медицински сестри и техничари), во иднина пристап до германскиот пазар на труд ќе биде овозможен и на помошниот медицински персонал - со помалку од три години стручно образование во областа на медицинската нега Правила за пристигнување на семејства

Доколку сопружниците и малолетните деца сакаат да се преселат во Германија, одредени квалификувани работници повеќе не мора да даваат доказ за „доволен“ простор за живеење, односно квадратурата на станот. Дополнително, доколку добијат дозвола за престој само од март 2024 година, можат да ги донесат и своите родители или родителите на брачниот другар.

Останатите измени се планира да стапат на сила во јуни 2024 година.

Барање работа со „Картичка за шанса“

Во јуни ќе биде воведена таканаречената „карта на шанса“ (Chancenkarte) со систем на бодување. Со него луѓето кои бараат работа ќе можат да доаѓаат во Германија една година - под услов да им биде обезбедена егзистенцијата.

Секој што може да докаже дека стручната квалификација е еквивалентна на германската се смета за квалификуван работник и добива карта без никакви дополнителни услови. За сите останати, потребна е високо образование или најмалку двегодишна професионална квалификација, како и основно познавање на германски јазик (А1) или познавање на англиски јазик (Б2).

Дополнително, бодови се доделуваат за работно искуство, признавање на квалификации во Германија, возраст, познавање на германски и англиски јазик, врски со Германија и потенцијал на дојдовен партнер или брачен другар.

Работниците со ваква „шанса карта“ смеат да работат и до 20 часа неделно, а дозволена е и пробна работа. „Шансата“ може да се продолжи до две години доколку има договор за вработување за квалификувано вработување.

Правилото за Западен Балкан важи на неодредено време

Таканареченото правило за Западен Балкан за вработување работници од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија - сега важи на неопределен период, а годишната квота ќе се зголеми на 50.000 работници од јуни. 2024 година.

Дојче Веле

Промовирани огласи »

На (16.11.2023 год.) во Хотел Мериот се одржа AI Revolutionizing Marketing работилницата предводена од Хуго Фаустино creative media strategist во организација на KARIERA.mk 

Хуго е искусен креативен лидер со повеќе од 15 години искуство во водење на влијателни стратегии во индустријата. Од специјалист за мултимедија до водечки улоги како менаџер на кампањи и маркетинг CRM автоматизација и креативна стратегија.

Работилницата се состоеше од две сесии низ кои се разгоараше за стратегиите на успешните компании и како да употребите AI во вашите маркетинг стратегии како би помогнале за поголем раст на истите.

Се дискутираше за иднината на дигиталните креативни услуги кои користат генеративна вештачка интелигенција и како да управувате кампањи од истражување до производство. Се даде акцент на однесувањето на потрошувачите односно прогнозирање на трендови (персонализација), приспособување на маркетингот заснован на заедницата плус позиционирање како начин да го обликувате производот/услугата на вашата компанија.

Во вториот дел на работилницата се зборуваше како да го клонирате вашиот бренд со Prompt AI, основата на генеративните модели со вештачка интелигенција и како функционираат моделите и како да се искористи рамката за податоци за да се изградат графикони.

Работилницата се затвори со индивидуална вежба како да го изградите вашиот индивидуален бренд и да ја позиционирате вашата компанија во областа/индустријата.

Компании кои испратија свои тимови на работилницата беа: Zegin, MTEL, FashionGroup, A1 Makedonija, Sherlo P. Nomes LLC, Viron, Salveo, Sparkasse Bank AD Skopje, EuroKiwi Consulting, Novomak, Damilah, Prilepska Pivara, East Gate Mall, Media House, Neptun, Uniqa AD, Uni Banka, Mikrosam, Bregli, International Esports Federation, Semos Edukcija, New Moments New Ideas, Fleks Kredit, LeanSEM, IdeaPlus, Image PR, Olive Jobs,  Alkaloid, Geoprom, IQ UP!, Inbox, Makedonsko kreditno biro, Digital ID, Wilson Sport, Stokomak, Language nomad, Netcetera.

Погледнете дел од атмосферата и се гледаме на следната работилница!

Во прилог галерија од фотографии:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »