Промовирани огласи »

Работодавачите кои ги исполнуваат условите од Законот за минимална плата во Република Македонија, имаат право на финансиска помош за исплата на минимална плата за месец септември 2017 до месец август 2018 година, велат од Управата за јавни приходи.

Финансиската помош се обезбедува за период од месец септември 2017 до месец февруари 2018 година во следните износи:

– 2.000 денари по вработен, за вработени кои биле во работен однос кај работодавачот во јануари, февруари и март 2017 година и просечниот износ на исплатената месечна нето плата за овој период им бил до 10.000 денари;
– 1.500 денари по вработен, за вработени кои биле во работен однос кај работодавачот во јануари, февруари и март 2017 година и просечниот износ на исплатената нето плата за овој период им бил помеѓу 10.001 и 10.500 денари;
– 1.000 денари по вработен, за вработени кои биле во работен однос кај работодавачот во јануари, февруари и март 2017 година и просечниот износ на исплатената месечна нето плата за овој период им бил помеѓу 10.501 и 11.000 денари и
– 500 денари по вработен, за вработени кои биле во работен однос кај работодавачот во јануари, февруари и март 2017 година и просечниот износ на исплатената месечна нето плата за овој период им бил помеѓу 11.001 и 11.500 денари.
Финансиската помош за исплата на минималната плата за месец март 2018 до месец август 2018 година, изнесува 50% од наведените износи.

Пресметка на просечен износ на исплатената месечна нето плата во јануари, февруари и март 2017
Пресметката на просечниот износ на исплатената месечна нето плата во јануари, февруари и март 2017 заклучно со 31.08.2017 година, се врши за лицата кои биле во работен однос кај работодавачот во сите три месеци, при што вкупниот број на одработени часови (ефективни часови, надоместок за боледување на товар на работодавачот, прекувремени часови) во овие три месеци се дели со износот на пресметаната нето плата во трите месеци, при што се добива нето плата по час. Овој износ се споредува со пресметаната плата по час, согласно праговите на исплатена плата утврдена со законот и се одредува категорија на финансиска помош.

Барање за финансиска помош
Барањето за обезбедување на финансиската помош, работодавачите го изразуваат преку пополнување на шифра во пресметките за плата за вработеното лице за кое бараат финансиска помош.

За барање за користење на финансиска помош, внесете ја шифрата 401 во полето 3.23 од клиентскиот софтвер (преземи нова верзија http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81).

Услови за обезбедување на финансиска помош
Работодавачот за обезбедување на финансиската помош треба да ги исполнува следните услови:
– работодавачот да не е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување или персонален данок на доход за вработеното лице за кое бара финансиска помош;
– работодавачот да има статус на активен обврзник, односно да не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење согласно член 477, 477-а , 552-а и 552-б од Законот за трговските друштва;
– работодавачот во 2016 година да остварил загуба или нето добивка по оданочување во износ помал од 10% од вкупните расходи и
– работодавачот да ги има подмирено обврските по основ на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од месецот за кој се обезбедува финансиската помош.

Известување на работодавачот за правото на финансиска помош
Во Декларацијата за прием, работодавачот кој за вработеното лице ги исполнува условите од членот 4-а од законот и условите од член 4-в став (1) алинеја 1, 2 и 3 од законот, ќе се генерира известување дека се исполнети условите од законот, за обезбедување на финансиска помош. По истекот на месецот за кој се обезбедува финансиска помош, ќе се провери дали работодавачот ги има подмирено обврските по основ на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од месецот за кој се обезбедува финансиската помош. Доколку и овој услов е исполнет, на работодавачот ќе му се исплати финансиската помош.
Доколку работодавачот не ги исполни условите од законот, во Декларацијата за прием ќе се генерира предупредување со порака кој услов од законот работодавачот не го исполнува. Декларацијата за прием нема да биде одбиена поради предупредувањето, туку истото служи за информирање на работодавачот дека нема да следи исплата на финансиска помош.

Исплатата на финансиската помош
Финансиската помош се остварува по исплата на платата за месецот за кој се обезбедува финансиската помош. Исплатата на финансиската помош од се врши преку Министерството за труд и социјална политика.

Обврски на работодавачот – корисник на финансиска помош
Работодавачот кој ќе добие финансиска помош е должен да го задржи на работа работникот за кој добива помош минимум една година по завршувањето на помошта. Во спротивно работодавачот е должен е да го врати износот на добиената финансиска помош, во рок од 30 дена од денот на одјавување на работникот за кој добивал помош, освен во случај на остварување на право на пензија или смрт на работникот.

НАПОМЕНА: Сите работодавачи кои ја исплатиле платата за месец 09/2017 година, а не побарале обезбедување на финансиска помош истото може да го сторат со поднесување на исправка (103) само за вработените лица за кои бараат обезбедување на финансиска помош. Барање за финансиска помош може да се поднесе само од работодавачи – правни лица во конечна пресметка или во исправка на пресметката, односно не се опфатени аконтативни пресметки.

Извор - емагазин

Промовирани огласи »

огатите луѓе одделуваат многу пари на социјални иницијативи и добротворни организации. Примери во овој поглед се двајца од најпознатите претприемачи во светот - Бил Гејтс и Ворен Бафет. И двајцата активно донираат како дел од обврската „ Giving Pledge“.

Списание The Chronicle of Philanthropy го претстави во септември својот извештај "Philanthropy 50", посветен на донирање. Во него, исто така, се сместени најголемите донатори во САД од 2000 година.

Резултатите едвај изненадиле многумина кои следат вести и знаат дека најбогатите милијардери се меѓу најголемите донатори.

А сепак, првото место може и да ве изненади, бидејќи на него не е најбогатиот човек на светот Бил Гејтс.

Основачот на Мајкрософт останува на втората позиција. Донирал 22% од своето богатство, или 18 милијарди долари.

Број еден во ранг-листата е Ворен Бафет. Легендарниот инвеститор донирал повеќе од двапати повеќе - 46 милијарди долари, што е 71% од целото негово богатство.

Трето место е поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, кој донирал 10 отсто од своето богатство или 4,5 милијарди долари.

Ако се прашувате кој е последниот на листата, тогаш тоа е, исто така, еден од најбогатите луѓе на планетата - основачот и извршниот директор на Амазон, Џеф Безос. Засега донирал само 0,1% од своето лично богатство.

Но, веројатно оваа сума ќе порасне многу наскоро, бидејќи неодамна Безос објави анкета на својот профил на Твитер, прашувајќи што ќе го советуваат каде да донира дел од неговата вредност од над 80 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Скопјани од денеска на домашна адреса може да добијат изводи од матичната книга на родени и на венчани. За тоа треба да се регистираат на веб-страницата на Управата за водење на матичните книги (УВМК) или на нивниот е-портал uvmk.gov.mk, да пополнат барање и по уплата ќе добијат нотификација и време за испорака на документот на домашна адреса.

Како што информира директорот на УВМК Ѓоко Котевски, проектот е дел од Планот 3-6-9, а првата достава на готов документ е веќе извршена во скопската населба Јане Сандански. Услугата на почеток ќе можат да ја користат само граѓаните на Скопје, без разлика каде се родени, а наскоро ќе биде достапна и во сите градови во Македонија.

Граѓаните може да аплицираат само за личен извод од матичната книга на родени или на венчани или за малолетно дете. При преземањето на документот на домашната адреса ќе мора да приложат личен документ за идентификација за да ја подигнат пратката, изјави Котевски по доставата на првиот готов документ во населбата Јане Сандански.

Директорот на Македонска пошта АД Скопје Фаадис Реџепи посочи дека двете институции размислуваат наскоро ваквата услуга да им биде достапна и на македонските граѓани кои живеат во странство.

На сите граѓани кои ќе аплицираат во УВМК и ќе одлучат изводот да го добијат на домашна адреса ќе им биде доставен од поштарите на Македонска пошта во рок не подолг од 72 часа по приемот. Документите ќе се доставуваат препорачано со повратница и ќе бидат следени преку системот на Македонска пошта за следење на пратките во внатешниот поштенски сообраќај (tracking trace). Тоа ќе можат да го следат службите, но и граѓаните преку веб-страницата на Македонска пошта, рече Реџепи и додаде дека Македонска пошта веќе има искуство со доставување на лични документи на амбасади и досега немало никаков проблем.

Промовирани огласи »

Деловен простор во Кисела Вода за 178 илјади евра и деловен простор во Чаир за 41 илјади евра, градежно земјиште во Македонски брод за 27 илјади евра, цистерни за 15 илјади евра, автомобили и комбиња по цени од 800 до 1500 евра, миксери, вилушкари, еко-кожа, капачиња.

Ова се дел од работите кои преку аукција на продажба ги нуди Управата за јавни приходи (УЈП). Аукцијата е закажана на 13 октомври. Деталите за тоа што се продава УЈП може да видите ТУКА.

Извор - емагазин

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »