Промовирани огласи »

Сместување во неадекватни соби и услови, превоз кој не ги исполнува условите од договоренето, претрпен стрес и уништен одмор поради (не) намерни пропуси на туристички агенции се дел од сликата која секоја година континуирано говори за прекршување на потрошувачките права на клиентот, но и за непрофесионалноста на субјектите кои ги нудат и извршуваат туристичките услуги.

Најголем проблем за тоа е што голем дел од граѓаните не си ги знаат своите потрошувачки права при туристички патувања за да може и навремено да реагираат и интервенираат при препознавање на одредени ситуации при склучувањето на договорите.

Граѓаните во таква ситуација може реагираат вонсудски и судски. Тие може да поднесат претставка во Државниот пазарен инспекторат, запазувајќи го рокот од 8 дена за поднесување и доколку инспекторите утврдат дека туристичката агенција ги прекршила потрошувачките права на граѓанинот, пазарните инспектори ја задолжуваат Аганцијата да постапи според предвиденото во договорот, а ако тоа не се исполни ќе следи забрана за вршење на дејноста. Исто така граѓаните исто така можат и со тужба да поведат и судска постапка.

Зависно од големината на штетата, казните за агенциите кои не го почитуваат Законот за туристичка дејност се движат од 1.000 до 3.000 евра.

Што треба да знаете кога се одлучувате за организирано патување?

Златното правило гласи: секогаш склучете договор во писмена форма!

Потрудете се сето она што Ви е ветено од страна на туристичкиот работник, или што е наведено во понудата, да биде вклучено и во договорот.

Кога склучувате договор за организирано патување:

• Разгледајте ги понудите на повеќе туристички агенции

•Вие можете, доколку сакате нешто посебно, да дадете и своја понуда, во која ќе прецизирате што очекувате од патувањето

• Во случај на однапред подготвено патување од страна на туристичка агенција преку паушална цена, немате право да ги менувате условите

• Без оглед дали патувањето е организирано по Ваша желба или со договор за прифаќање сте пристапиле кон организирано патување од страна на туристичката агенција, треба да знаете дека со цената е опфатен пакет на услуги и тој не може да се раздели на поединечни услуги

Важно!!!

Постои разлика помеѓу потврдата за патување и програмата за патување. Каталогот или програмата за патување може да биде составен дел на потврдата за патување, но треба да содржи вистинити и релевантни информации. Важно е да запомните дека организаторот на патувањето одговара за штетата што ќе ја претрпите поради неиздавањето на потврдата или евентуалното неисполнување на она што е наведено во неа.

Што треба да содржи договорот за патување?

• Патна дестинација, време на престој со датуми, категорија на транспортни средства што ќе се користат

• Датум, време и место на поаѓање и враќање

• Категорија на сместувањето, локација, главни карактеристики и план на оброци

• Колкав е минималниот број на патници за реализација на патувањето  и крајниот рок за информирање на потрошувачот доколку патувањето се откаже;

• Посети, екскурзии или други услуги вклучени во цената

• Име и адреса на организаторот

• Цена на пакет-аранжманот, план и начин на плаќање

• Посебни барања ако потрошувачот ги истакнал

• Период во кој корисникот може да се пожали во врска со неисполнувањето или несоодветното исполнување на одредбите од договорот. Еден примерок од договорот му се дава на потрошувачот

При реализација на туристичкиот пакет-аранжман или патување и престој во странство, туристичката агенција е должна, на излез од земјата, да има докази дека поседува лиценца, договори за сместувачки капацитети и доказ дека тие се платени. Туристичките агенции можат да поседуваат лиценца А и лиценца Б.

Оние кои поседуваат лиценца А можат да бидат организатори на патувања, а тие кои поседуваат лиценца Б можат да бидат само посредници во продажбата на туристичките патувања.

За непочитување или неисполнување на договорните обврски од страна на сите вршители на услуги и за причинување штета на патникот, одговара организаторот на патувањето. Секако, потрошувачот ќе мора да го оствари своето право врз основана договорот со организаторот на патувањето, пред арбитража или надлежен суд.

ВАШИТЕ ПРАВА И ОБВРСКИ КАКО ПАТНИК

Како патник сте должни да ја платите договорената цена, да ги доставите податоците потребни за организирање на патувањето, секогаш да се појавувате на означеното место, да соработувате со водачите и за сите пропусти да го известите организаторот по писмен пат. Должни сте да се грижите за Вашиот личен багаж, Вашите лични исправи, да ги исполнувате условите предвидени со царинските, санитарните, монетарните и други административни прописи.

Дали можете да одредите некој друг наместо Вас да ги користи договорените услуги?

Како патник имате право да одредите друго лице да ги користи договорените услуги под услов тоа лице да ги исполнува посебните барања за тоа одредено патување. Во тој случај треба да му се надоместат трошоците на организаторот предизвикани со замената.

Како и дали организаторот може да ја зголеми договорената цена и во кој случај при зголемување на цената Вие, како патник,можете да го раскинете договорот без последици?

Организаторот на патувањето може да бара зголемување на договорената цена единствено ако по склучувањето на договорот дошло до промена на курсот на замена на валута или до промена на тарифата на превозникот која влијае на цената на патувањето. Ваквото право може да се оствари единствено ако е предвидено во потврдата за патувањето. Патникот треба да знае дека ако зголемувањето надминува 10 % од договорената цена, тој може да го раскине договорот без обврска за надоместување на штетата. Во овој случај, патникот има право на враќање на она што му го платил на организаторот. Според вообичаената практика и компаративното право, цените предвидени со договорот не може да се менуваат во период од 20 дена пред договорениот датум за поаѓање.

Дали патникот може да го откаже патувањето?

Патникот може во секое време да го откаже договорот за патување, делумно или целосно.

Ако го откажувате договорот, направете го тоа благовремено, па во тој случај организаторот има право на надомест

единствено на административните трошоци (најчесто тоа не го наплатува или е тоа мал износ кој е однапред одреден). Не го откажувајте договорот непосредно пред тргнување ако немате оправдани причини.

Во тој случај, организаторот има право да задржи процент од платениот износ во зависност

од времето преостанато до почетокот на патувањето. Ако се јават оправдани причини кои, кога би постоеле во времето на склучување на договорот, договорот не би бил склучен од страна на патникот, организаторот има право на надомест единствено на направените трошоци. Не го откажувајте договорот во текот на патувањето без оправдани причини,затоа што во тој случај организаторот има право на наплата на полниот износ на договорената цена на патувањето.

Дали сте должни да прифатите замена на некои туристички услуги или измени во програмата?

Организаторот може да замени некоја услуга, односно да ја измени програмата за патувањето, доколку настанале непредвидени вонредни околности. Дозволената измена наметнува стриктна обврска туристичката агенција да ги поднесе трошоците што настанале поради таа промена. Во случај кога во програмата на патувањето се извршени битни измени без оправдани причини, организаторот на патувањето мора во целост да ги врати сите уплатени средства кои ги примил од патникот.

Ако битните измени се направени во текот на патувањето, патникот ги поднесува стварните трошоци на направените услуги. Битни измени се однесуваат на секоја промена поради која патувањето веќе не одговара на Вашите очекувања. На пример, времето на поаѓање е променето за 24 часа, хотелското сместување не е во предвидената категорија, организаторот не е во состојба да ги реализира договорените услуги во текот на патувањето.

Промовирани огласи »

акедонија се наоѓа на 68-то место во светот според брзината на широкопојасниот интернет во конкуренција на 200 држави, што е пад од 9 места во споредба со рангирањето во 2017 година. Со просечна брзина од 8,82 мегабити во секунда (Mbps), земјава се наоѓа зад повеќето држави од регионов во најновата анализа која ја изработува британскиот сајт за споредба на телекомуникациски услуги Cable.co.uk (клик)

Во споредба со земјите од окружувањето, Македонија има побавен широкопојасен интернет од Словенија (28), Бугарија (31), Хрватска (42), Србија (50), Косово (53) и Грција (57 место), додека интернетот е побрз во споредба со Босна и Херцеговина (71 место), Црна Гора (74) и Албанија (86).

Освен просечната брзина на широкопојасниот интернет, во анализата сликовито е презентирано и просечното време потребно за преземање филм со висока резолуција (HD) од 5 гигабајти за секоја држава. Додека во Македонија за тоа просечно се потребни 1 час 17 минути и 24 секунди, во Сингапур, кој е водечки на листата, филмот се презема за 11 минути и 18 секудни.

Покрај Сингапур, на првите пет места на земји со најбрз широкопојасен интернет во светот се наоѓаат и Шведска, Данска, Норвешка и Романија.

Најбавен интернет има Јемен, каде за преземање на еден HD филм се потребни скоро 37 часа. Во најлошите пет држави според брзината на интернетот се наоѓаат и Источен Тимор, Туркменистан, Сомалија и Гвинеја.

Анализата е спроведена во текот на 12 месеци до 29-ти мај и покажува дека 36 од првите 50 држави според брзината на интернетот се лоцирани во Европа, 9 од нив се од Азија и Пацификот, две од Северна Америка, две од Јужна и Средна Америка и една од Африка.

Промовирани огласи »

Државјаните на земјите од Западен Балкан во иднина ќе мораат преку интернет од Европската Унија да побараат дозвола за влез во Шенген зоната и иако не им е потребна виза за патување да платат такса од 7 евра – предвидуваат новите мерки кои ЕУ ги воведе за многу построг надзор на надворешните граници на Унијата.

Откако беше потврдена од Европскиот парламент, а потоа и усвоена од страна на Советот на министри на Унијата, мерката ќе стапи на сила од јануари 2021 година како дел од ЕТИАС системот.

Со мерката ќе бидат опфатени сите државјани на земјите кои не се членки на ЕУ, на кои ќе им биде потребна виза во Шенген просторот на ЕУ, вклучувајќи ги и земјите од Западен Балкан.

Како ќе изгледа целата процедура?

Откако ќе поднесе барање, патникот мора во рок од 96 часа да добие одговор дали неговата дозвола ќе биде издадена. Таа ќе важи 3 години, односно до крајот на важноста на патните документи.

Во самото образложение на овие мерки е наведено дека авиопревозниците и бродарските компании пред качување на патниците ќе мора да проверат дали тие располагаат со важечка дозвола за премин на границата на Унијата и влез во Шенген зоната.

Промовирани огласи »

Доколку се одлучите да летуватево Германија, Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција, Италија, Словачка и Албанија  добро е да ја знаете оваа информација. За да добиете здравстевно лекување во овие земји единствен услов е да имате двојазичен образец за здравствено осигурување издаден од подрачните на ФЗОМ. Доколку го имате овој документ  за непоходни здравствени услуги ќе бидете третирани како и осигурениците на земјаата во која престојувате.

Се што треба да направат нашите осигуреници е пред патувањето во странство да се јават во подрачните служби каде ја поднесуваат пријавата за задолжително здравствено осигурување и пополнуваат барање за двојазичен образец кој важи и за студиски престој, привремено стручно усовршување или школување.

За да го добијат образецот, граѓаните мора да достават потврда од матичен лекар дека се здрави, а за жените и од гинеколог. Потоа треба да добијат мислење од лекарската комисија во Фондот, процедура која според надлежните може да биде завршена во еден ден.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »