Промовирани огласи »

Милијардерот Тим Драпер, и натаму верува дека биткоинот до 2020 година ќе достигне 250.000 долари. 

Тој вели дека ова ќе биде најголем бум досега. Сепак, тој многу изгуби откако банкротираше платформата за криптовалути Mt. Gox, но и натаму верува во иднината на другите криптовалути. 

Смета дека промени ќе има во финансирањето, во трговијата, банкарството, недвижностите и осигурувањето. Според него, Владите ќе мора да водат сметка за услугите кои ги пружаат кон секој поединец. 

Промовирани огласи »

Еден час назад утрото меѓу сабота и недела на 27 и 28 октомври стрелките на часовникот можеби за полседен пат ќе се вратат наназад. Во недела на 28 октомври, во 3 часот наутро, часовникот се враќа еден час назад и ќе биде 2 часот, што значи денот ќе трае 1 час подолго.

Но со оглед на најавата на Европската Комисија дека ќе предложи укинување на зимското сметање на времето, овогодинешната промена можеби ќе биде последна со оглед на тоа што предлогот е времето секогаш да остане во летниот мод.

Над 80% од анкетираните граѓани на земјите на ЕУ се согласиле да не се менува времето два пати годишно, односно во последниот викенд од октомври и последниот викенд во март.

Промовирани огласи »

Сите нови пасоши во себе содржат чип во кој се сместени биометриски информации за вас кои се извадени од сликата, и тоа е главната причина зошто на сликата за овој документ не смеете да се смеете или носете наочари.

Имено, таа сликата ги скенира сите клучни карактеристики на вашето лице, како што е распонот меѓу очите, од врвот на носот до брадата,се користат за генерализирање на таканаречена матеметичка мапа.

Се што ги нарушува или крие тие мерки – како што е носење наочари за сонце или широка насмевка – ја намалува ефикасноста на користениот алгоритам, е нешто како што е фотографија надвор од фокусот.

Кога доаѓате на аеродром вие поминувате прку е-врата (електронска врата) тогаш гледате во камера која ви го скенира лицето.

Во тој момент компјутерот решава дали математичката мапа генерирана на било кој аеродром во светот се совпаѓа со онаа на вашиот биометриски пасош.

Промовирани огласи »

Македонија, БИХ, Турција, Црна Гора, Албанија, Белорусија, Грузија, Ерменија, Казахстан и Азербејџан се единствените европски земји кои не можат да надминат брзина на интернет над 10 мегабајти даунлодирање во секунда, пренесе Ал Џезира Балкан.

Во деталното истражување на cable.co.uk, брзината на интернетот во 200 земји беше анализирана сај преку повеќе од 163 милиони тестови за брзина.

Резултатите се прикажани како просечни брзини на преземање во Mbps / s (мегабити во секунда).

Најбрзиот проток на интернет во светот е во Сингапур (60.39 Mbps), потоа во Шведска (46 Mbps) и во Данска (43.99 Mbps).

Најниската просечна брзина на интернет е во Јемен - 0,31 Mbps.

Во земјите од екс-Југославија, најбрз интернет има во Словенија (21,41 Мбит / с), а најмал во Црна Гора (6,74 Мбит / с) и Босна и Херцеговина (7,37 Мбит / с). 

Македонија има 8,82 Мбит/с, а во регионот слаби се и Албанија со 5.56/Мбит/с.

На Балканот над 10 Мбит/с се Косово, Србија и Хрватска, а Бугарија и Романија задно со Словенија припаѓаат во земји со брзина од 20 до 40 Мбит/с.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »