Промовирани огласи »

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) денеска предложи нов начин на пресметка на платите во администрацијата, според кој, вредноста на бодот секој месец би се усогласувала со висината на просечната плата во државата.

Доколку Владата не сака да отстапи од сегашниот концепт на плати, УПОЗ бара, како што велат оттаму, да се направи правилна пресметка на трошоците за храна и превоз кои што во бруто платата се пресметуваат со износот од 2009 година.

Трпе Деановски, генерален секретар на УПОЗ, денеска на прес-конференција рече дека не се согласуваат со предвиденото покачување на платите.

„Со зголемување на минималната плата, концептот на платите во администрацијата, судовите и обвинителствата и затворите ќе биде апсолутно нефункционален и некорисен. За де се избегне колапсот и неминовните штрајкови предлагаме нов начин на пресметка на платите со кој што Владата ќе ја замрзне сегашната вредност на бодот на административните службеници од 81,1 денар. Вредноста на бруто исплатената плата на јуни изнесува 37.440 денари. Кога вредноста на бруто платата ќе ја поделиме со 81,1 денар ќе ни го даде коефициентот 462“, рече на прес-конференција Деаноски.

Таков систем на пресметка на плати, според него, веќе постои во многу држави во Европа и со него ако расте просечната плата ќе се зголеми и платата во администрацијата, а ако паѓа ќе се намалува и платата на административците.

Според Деановски, со правилна пресметка на храната и превозот платите на сите вработени во државата без разлика дали се во јавниот или во приватниот сектор ќе се зголемат за 4.755 денари. Во 2009 година со реформата на концептот на бруто плата на вработените во пресметката на плата им беа вклучени и трошоците за храна и превоз. Тогаш износот за превозот беше 900 денари, а за хранарината 2.300 денари.

„Согласно со последната објавена потрошувачка кошничка од Државниот завод за статистика доколку месецот има 22 работни дена висината на трошокот за храна треба да изнесува 6.755 денари, а за превоз се движи од 1.200 до 1.500 денари и вкупно би бил 7.955 денари“, изјави генералниот секретар на УПОЗ и најави дека за предлозите ќе ги информираат Владата и министерствата за финансии и за информатичко општество и администрација.

Со најавената субвенција од Владата, велат од УПОЗ, платите во приватниот сектор ќе се зголемуваат до 6.000 денари, а со покачувањето од пет проценти вработените со најниски плати во администрацијата и јавниот сектор ќе добијат зголемување од 500 денари.

„Бидејќи државата не може да се субвенционира самата себе бараме решение како да го направи тоа без некаква субвенција. Наједноставно решение е зголемување на трошокот за храна и превоз. Ако се зголеми нема да биде 100 евра, но ќе дојде до 4.900 денари. Но, подобар би бил првиот предлог, да се замрзне вредноста на бодот и платата да се пресметува со ислатената бруто плата секој месец“, рече Деановски.

Тој оцени дека нискиот износ на платите во администрацијата е причина за одлив на вработените од овој сектор. Ако во државата просечната плата изнесува 25.200 денари, просечната плата во администрацијата е 17.000 денари. Над 80 проценти  од вработените во администрацијата земаат помала плата од државниот просек, информира генералниот секретар на УПОЗ.

Минималната плата во државава сега изнесува 12.600 денари, а според УПОЗ нејзиниот реален износ треба да биде 60 проценти од просечната плата и да изнесува 15.123 денари.

МИА

Промовирани огласи »

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер рекол дека Европа би требало да ја разгледа својата јавна дигитална валута која би можела да ја предизвика либрата на Фејсбук.

Oва е последна во низата дилеми во врска со плановите на криптовалутата на Фејсбук за која јавно полемирал францускиот министер, пренесе Ројтерс.

На состанокот со министрите за финансии на ЕУ во Хелсинки, Ле Мер им рекол на новинарите дека следниот месец со своите колеги на континентот ќе разговараат за потенцијалот на европската јавна дигитална валута.

Ле Мер го повика европскиот блок да продолжи со својата работа на намалување на трошоците за прекугранични плаќања.

Како што напоменува Ројтерс, плаќањата во реално време во Еврозоната се достапни од 2017 година, но во шемата учествувале само половина од банките во блокот. Како и да е , проектот моментно во голема мера е фокусиран на домашната исплата.

Промовирани огласи »

Пронајдокот на неколкумина македонски студенти, велосипед со тркало кое го чисти воздухот, освои златен медал на меѓународната изложба во јужнокрејскиот град Сеул.

– Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ кој е остварен од страна на нашите студенти: Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски, Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ освои златен медал на меѓународната изложба „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја, објавија на Фејсбук од Машинскиот факултет во Скопје.

Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ е остварен заедно со вонредниот професор д-р Иле Мирчески и дип. маш. инж. Тошко Ристов. Меѓународната изложба  „KIWIE 2019“ се одржа во организација на Корејската асоцијација за жени пронајдувачи KWIA и со поддршка од Корејскиот завод за интелектуална сопственост KIPO и светската организација за интелектуална сопственост WIPO.

Станува збор за велосипед на батерии кој има вградено проактивни филтри. Тие ги заробуваат штетните честички со самото ротирање на тркалата. Ова треба да биде еден чекор плус во креирањето на нов еколошки систем на градскиот транспорт.

Промовирани огласи »

Минималец од 14.000 денари е црвена линија која не смее да се надмине. Но прво да заживее мерката субвенционирање на придонесите, па потоа да се зголеми минималната плата. Ова е ставот на Организацијата на работодавачи ,кои велат дека и со оваа сума, дел  од фирмите ќе имаат проблем, но е далеку поприфатлива отколку ветувањето на премиерот за 15.16.000 денари минималец до 2020 година. Признаваат дека имале притисоци од владата  за покачување на платите,но без субвенционирање на придонесите, зголемувањето не е можно. 

Од друга страна сме свесни дека зголемувањето на платите е поради недостигот на работна сила, но дел од фирмите, особено во трудо интензивните дејности се најдоа во една незгодна ситуација, бидејќи немаат моќ, ниските цени што ги добиваат од странство и продуктивноста што  ја имаат,не им дозволува некое драстично зголемување на платите. Ова ќе беше страшна мерка, ако не се воведеше  субвенционирање на придонесите за зголемување на платите, изјави Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи.

Синдикатот и владата се согласни за минималец од 14 илјади денари, но дел од работодавачите не  прифаќале, затоа што финансискиот товар би бил превисок и ќе морале да стават клуч на врата. Сега Димитров вели, ако мерката за субвенционирање, каде владата ќе го плати пензиското и здравствено осигурување, освен персоналецот, стартува од 1 октомври, работниците би добиле повисок минималец со ноемвриската исплата.

Тоa значи од 10 до 15 декември , кога се исплаќа ноемвриската плата, вработените ќе имаат зголемена минимална плата, додава Димитров

Ветувањето на владата е постепено зголемување на минималата плата до крајот на мандатот,односно до наредната година на 16,000 денари. Инаку, во моментов најнисика минимална плата од 210 евра има кај нас и во Албанија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »