Промовирани огласи »

Управата за јавни приходи извести дека вчера, 30 септември, заврши првото тримесечје од реализацијата на мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ. Средствата од повратот остварен во месеците јули, август и септември на граѓаните ќе им бидат исплатени на трансакциските сметки до крајот на декември оваа година.

Од воведувањето на мерката на 1 јули оваа година до вчера регистрирани се 170, 378 корисници на апликацијата „МојДДВ“, скенирани се 22,670,713 фискални сметки, остварен е промет од 11,423,978,620 денари, со вкупен ДДВ од 1,241,434,628 денари додека повратот на 15 отсто од пресметаниот ДДВ изнесува 186,215,194 денари, односно 3,028,000 ЕУР.

По исплатата во декември, ќе следува исплата во текот на месец февруари за месеците октомври, ноември и декември, во април за месеците јануари, февруари и март, во август за месеците април, мај и јуни и во ноември за месеците јули, август и септември.

Управата за јавни приходи изразува задоволство од досегашната реализацијата на “МојДДВ“. Податоците покажуваат дека мерката ги исполнува целите за кои е наменета. Ги враќа парите кај граѓаните и ја намалува неформалната економија, велат од УЈП.

На корисниците сега им е достапна и веб апликацијата „МојДДВ“ преку којашто може да го проверат износот на повратот којшто ќе им биде исплатен на нивната трансакциска сметка, а имаат и можност за повлекување на фискални сметки коишто се скенирани погрешно.

Во наредниот период Управата за јавни приходи ќе излезе со целосна анализа и податоци за мерката „МојДДВ“ преку којашто ќе се видат придобивките и во однос на намалувањето на сивата економија по нејзиното воведување.

Промовирани огласи »

Фибула Ер Травел има потреба од IT лице: https://kariera.mk/job/OcTURrU7iUupJ6vCZld_6g/it-lice

Доколку имате желба да бидете дел од успешниот тим на Алкалоид, отворени се повеќе работни места: https://kariera.mk/job/g2mnfERmGUuesvlO8Lp6Fg/alkaloid-ad-skopje-vrabotuva

Киндер Парк има потреба од КЕЛНЕРИ и ШАНКЕРИ: https://kariera.mk/job/1jPr3_ivNE60-kHD1oT72A/kinder-park

Спорт Лаиф Трејд објавува оглас за вработување на ОПЕРАТОРИ ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА - Скопје за реон Карпош и Ѓорче Петров: https://kariera.mk/job/42pEy3hVpkSgdix5tk9BEA/operatori

Основна плата 16.800,00 денари со можност за екстра услови за бонуси. Inter-Kasto има потреба од ДОСТАВУВАЧ НА РОБА-ВОЗАЧ: https://kariera.mk/job/5IpvITt4gUKD8bJGtzUuOw/dostavuvach-na-roba-vozach

Се бара ПЕДАГОГ со или без работно искуство од реонот на Центар/Капиштец: https://kariera.mk/job/HQmVbGV4sUyGeVJHoY0RMA/pedagog-centar-kapishtec

Мајворлд Македонија има потреба од МСП РЕГИОНАЛЕН МЕНАЏЕР: https://kariera.mk/job/CYY6qE6yl06Q-C6dxL9ESQ/msp-regionalen-menadjer

Промовирани огласи »

Град Скопје денеска почна со уредување на просторот од Градскиот трговски центар(ГТЦ) и портата до Плоштадот Македонија, со што го почна проектот за менување на ликот на централното градско подрачје. Наместо асфалт просторот ќе биде поплочен со плочки од три вида, на површина од околу 5.000 квадратни метри. Ќе бидат засадени 22 костени, ќе биде изведена патека за лицата со инвалидитет, а ќе биде поставена и соодветна урбана опрема со оптимален број клупи, корпи за отпадоци, осветлување и заштитни столпчиња.

Ова е еден од најзапуштените простори во централното градско подрачје, а во наредниот период ќе се одвиваат градежни активности што ќе значат целосно осовременување и целосен нов лик. Тука е и местото каде што е родена Мајка Тереза која во 80-тите години го засадила дрвото во малото паркче, место што претходно беше продадено за да се изградат шпанските скали. Овде ќе ја покажеме различноста на оваа градска администрација од претходната, со нов и модерен јавен простор што граѓаните го заслужуваат, рече градоначалникот Петре Шилегов.

Уредување на просторот ќе чини пола милион евра. Шилегов рече дека цената е двојно пониска од онаа за уредување на плочникот на Плоштадот Македонија.

Вкупната инвестиција е 33 милиони денари со вклучен ДДВ, односно 104 евра за метар квадратен, а плочникот на Плоштадот, кој зимно време се лизга и смрди на канализација чини 195 евра по метар квадратен, рече Шилегов.

Уредувањето на овој дел од градот според најавите на Шилегов треба да биде готово до 13 ноември.

Промовирани огласи »

Nextsense е меѓународна компанија која ја води дигиталната трансформација ширум светот. Билјана Алампиоска – Андреевска, е оперативен менаџер за човечки ресурси во претставништето на Nextsense во Скопје. Таа за KARIERA.mk, го сподели нејзиното искуство како HR професионалец и нејзините предизвици во нашата земја.

Кажете ни нешто повеќе за Вашиот ангажман во Nextsense како менаџер за човечки ресурси (HR operations manager)? Кои се Вашите предизвици?

Како оперативен менаџер за човечки ресурси одговорна сум за сите аспекти на управување, учење и напредување на вработените. Од административни активности,  регрутација и селекција, па се до креирање на стратешки планови за развој и унапредување. Најголем предизвик во оваа професија секако е да се биде линкот помеѓу менаџментот на организацијата и вработените. Секоја страна има свои приоритети и очекувања и потребно е многу трпение, флексибилност и баланс за да се усогласат. Но кога целите на двете страни ќе дојдат во иста линија, тоа значи дека HR-от одлично ја врши својата работа.

Кој е моделот за изнаоѓање на IT кадар во Р.С. Македонија?

Совршен или вистински модел не постои. Потребно е да се користат различни алатки, ресурси, контакти, средби за вмрежување, социјални медиуми, па дури и традиционални огласувања. Во време кога во ИТ индустријата нема невработеност, и каде за разлика од другите индустрии тука  кадарот го избира работодавачот, треба да бидеме особено креативни во процесот на барање и наоѓање на кадар. Во Некстсенс фокусирани сме на одржување на нашиот препознатлив бренд, но и на овозможување на уникатно, пријатно и позитивно искуство во процесот на регрутација и вработување.

Дали младата популација во нашата земја е склона на IT и дали нивната визија е да работат и творат тука?

Бројот на студенти запишани на техничките факултети е во пораст. Секоја година имаме можност да се запознаеме со голем дел од нив на саемите за кариера, или пак на гостински предавања на факултетите. И покрај тоа што значителен број ја започнува кариерата во државата, за жал долгорочно голем дел од нив се гледаат во странство. Тоа е ситуација со која секојдневно се соочуваме, и тоа е една од причините зошто имаме недостаток на ИТ кадар. Предизвик е да ги задржиме, а особено оние кои се млади, амбициозни и отворени кон нови работи.  Со оглед на тоа дека зборуваме за индустрија која е иновативна и динамична и која се стреми да биде во тек со сѐ она што е ново и иновативно, се надевам дека овој тренд на заминување ќе се намали и дека младите професионалци ќе ги насочат своите ресурси во македонските компании.

Што вреди да се сподели од Вашето бујно искуство во HR светот?

HR-от е професија која сеуште созрева и секојдневно се истражуваат и откриваат начини за да се направи промена во една организација. Ми исполнува тоа што имам можност да го подобрам професионалниот живот на вработените. Иако тоа најчесто се ситници, знам дека правам нешто позитивно. Ми се допаѓа тоа што секој ден е различен и динамичен и дава можност да се научи нешто ново. Ми се допаѓа изложеноста. Не постои друг оддел кој е толку вклучен на сите нивоа и во сите функции на една организација. Луѓето се највредниот и најважниот сегмент во една компанија, а HR-от е тој кој им дава живот и тоа е навистина благодарно и исполнува.

Дали се организираат доволно број на обуки и семинари за изнаоѓање на нови таленти во нашата земја?

Од учење никогаш доста, па така и од обуки, семинари, работилници. Има добри и интересни иницијативи, меѓутоа недостасува вмрежување помеѓу HR професионалците на ниво на индустрија. Регрутацијата во ИТ е голем предизвик со оглед на тоа дека пазарот е ограничен, така што било какво споделување на иновативни методи и начини на регрутирање би било добредојдено.

Во Вашата досегашна работа сте сретнале многу млади луѓе, меѓу нив сигурно и млади таленти. Што ги советувате?

Да бидат позитивни, проактивни и продуктивни. Секој момент треба да се гледа како можност да се научи нешто ново од оние кои се околу нив, без разлика на нивната позиција. Особено на почеток на нивната кариера младите таленти треба да ги впиваат сите информации и потоа ефективно да ги искористат. Да бидат трпеливи.  Редовно  да излегуваат од нивната комфор зона и рутина и секој проблем да го гледаат како предизвик и можност да се научи и направи нешто ново. Секоја работна позиција е процес и патување каде една индивидуа се открива себе си и сопствените потенцијали, што сака, а што не сака, што може, а за што е потребен екстра напор. Целта секогаш е раст и напредок и нормално исполнување на амбициите. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »