Власта ги презела сите потребни мерки, со цел да го реши проблемот со напуштени кучиња, почнувајќи со апел до граѓаните да не купуваат кучиња, туку да вдомуваат.
Се претпоставува дека ширум светот има над 200 милиони кучиња скитници. Најголемиот дел се наоѓаат во Бали, Индонезија и поголемите градови во Индија. На овие места, кучињата скитници се прифатени како секојдневие.
Но, овој проблем не е само во Азија. Всушност, само во САД, секоја година, 3,3 милиони кучиња завршуваат во засолништа за животни.
Но во Европа, во Холандија, ситуацијата е целосно под контрола.
Властите тврдат дека на улиците повеќе нема кучиња, благодарение на нивното делување - тие ја започнале програмата CNVR, односно Collect, Neuter, Vaccinate and Return (Земи, кастрирај, вакцинирај и врати).
Холандија има и полициска служба за животни, која внимава на животните и ги казнува луѓето кои им наштетуваат.
Граѓаните можат и да се јават во оваа служба доколку видат куче скитник. Службата веднаш ќе го спаси животното и ќе го префрли во засолниште со политика без убивање.
Истовремено, граѓаните се охрабрени да вдомуваат, а не да купуваат миленици. Во некои општини дури има и поголеми даноци за купени кучиња, за луѓето да се мотивираат да вдомат.
Зошто да вдомите куче скитник?
Оваа вест за Холандија може да биде одлична лекција за сите нас.
Ако барате куче, најпрво упатете се во засолниште, бидејќи сигурно има животно кое чека да биде вдомено.
Засолништата за кучиња се секогаш преполни, а со вдомувањето ќе направите место за нови кучиња скитници.
Покрај тоа, кога ќе вдомите, најверојатно ќе го спасите кучето од евтаназија.