Сметководител

За компанијата: Порше Македонија е компанија која ги застапува автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT, Porsche и Volkswagen комерцијални возила. Присутна на македонскиот пазар од крајот на 2005 година,... повеќе за компанијата »

Порше Македонија е компанија која ги застапува автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT, Porsche и Volkswagen комерцијални возила. Присутна на македонскиот пазар од крајот на 2005 година, таа е единствениот импортер во државата во директна сопственост на производителот на автомобилите – Volkswagen AG. Порше Македонија е лидер на автомобилскиот пазар со најголем удел во пазарот на нови возила.

Во Порше Македонија денес работат над 100 вработени, со тенденција за понатамошно ширење на тимот. Компанијата преку програмите за развој и усовршување на кадрите и постојаната размена на информации, овозможува континуирано подобрување на квалитетот на работата.

Поради проширување на својот тим имаме потреба од

Сметководител

Работни задачи и одговорности:

  • Сметководствена евиденција и известување во врска со побарувања, обврски и парични текови;
  • Водење сметководствена евиденција и известување по трошковни места и проекти;
  • Усогласувања на салдата од главната книга, аналитичките картички, добавувачите и купувачите (вклучително усогласување на салда со други подружници и трети страни);
  • Комуникација и известување до засегнати страни (вклучително подготовка на извештаи за релевантни институции);
  • Обезбедување усогласеност со интерните сметководствени политики и применливата даночна регулатива;
  • Следење на работниот капитал (залихи, побарувања, обврски, останати средства и обврски) и комуникација со внатрешните (останати сектори) и надворешни (купувачи, добавувачи, итн.) заинтересирани страни во насока на константно подобрување на истиот;
  • Асистирање при подготовка на финансиски извештаи, вклучително и даночни пријави за ДДВ и данок на добивка;
  • Асистирање при утврдување на сметководствениот третман на трансакциите со клучните засегнати страни (вклучително и анализа и соодветно сметководствено признавање на релевантни договори во финансиските извештаи);
  • Асистенција во тековни проекти во сметководството, вклучувајќи следење и развој на постојните процеси и предлагање на нови поефективни процеси;
  • Поддршка на целокупните процеси во одделот за финансии (сметководство и групациско известување).

Образование, искуство, вештини

  • ВСС од економските области, уверение за овластен сметководител или дополнителна сертификација ќе се смета за предност;
  • Работно искуство од минимум 5 години на слична позиција ќе се смета за значајна предност;
  • Академско искуство со МСФИ (Меѓународни Стандарди за Финансиско Известување);
  • Напредни познавања на Microsoft Office апликациич
  • Оперативно работење во системот SAP е предност;
  • Силни аналитички вештини и способности за решавање на проблеми;
  • Способност за работа со рокови под притисок;
  • Развиени комуникациски вештини и способност да работи во тим, желба за личен развој и пристап кон работата со чувство на лична одговорност кон превземените задачи

Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори).

Сите заинтересирани кандидати, својата Професионална Биографија можат да ја достават на следната e-mail адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака за "Сметководител

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »