Промовирани огласи »

CK Instalacije со отворени работни места за МОНТЕРИ во ХРВАТСКА:

Порше Македонија е компанија која ги застапува автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT, Porsche и Volkswagen комерцијални возила. Во потрага е по СМЕТКОВОДИТЕЛ: https://kariera.mk/job/LTV1r-qNy0mRFh4asSwSJA/smetkovoditel

НЈСК Холдинг е компанија од фармацевтска индустрија лоцирана во Скопје, за одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба. Го прошируваат својот тим со:

Дивајн има потреба од ЛИНГВИСТИ - ПРЕВЕДУВАЧИ со одлична можност за унапредување, личен и кариерен развој: https://kariera.mk/job/Yvb338hsh02h-tCx5b-KhQ/lingvist-preveduvach

Code Academy го проширува својот тим со:

Промовирани огласи »

Денот на самците 11.11 (единаесетти ноември) се одбележува од 1990г., како спротивност на Денот на заљубените, со цел луѓето кои не се во врска да купуваат производи за себе. Согласно податоците од ланската вкупната продажба, 11.11 е четири пати поголем од Црн петок и Сајбер понеделник, двата најпопуларни шопинг дена во светот.

На овој ден, компаниите нудат огромни попусти на своите производи за период и важност од 24 часа. Во оваа акција земаат учество најголемите светски компании за онлајн продажба, но и компании за малопродажба од целиот свет. Лани на овој ден, за само 24 часа, една од најголемите светски компании за онлајн продажба направила вкупна продажба од над 30 милијарди долари, со што беше поставен нов рекорд на најголемиот малопродажен настан на светот.

Оваа година, овој понеделник 11.11, празникот ќе земе замав и кај нас. Најголемиот бренд за малопродажба на апарати за домаќинство “Нептун” организира голема акција по повод овој светски настан. Акцијата Само еден ден 11.11” ќе нуди огромни попусти и супер понуди од сите продуктни категории. Потрошувачите ќе може да купат производи по најниски цени, со супер услови и можност да плаќаат до 60 рати. Акцијата ќе важи за купување во “Нептун” продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN достапна на Play Store и App Store.

Не ја пропуштајте оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, посетете ги “Нептун” продавниците и уживајте во шопингот!

Промовирани огласи »

Врежано е мислењето дека во Германија се високи платите. Тоа е причина зашто многумина, меѓу нив и македонски државјани решаваат да дојдат и да работат тука. Но, колку се тие навистина високи? И колку „зема“ државата?

Бројките не лажат - но треба да се знае правилно да се „читаат“. Така, на пример, треба да се знае, кога во Германија ќе ги прашате луѓето колкава им е месечната плата, да добиете одговор за бруто, а не за нето износ. Статистиките, пак, зборуваат дека просечната месечна бруто плата во Германија во 2018 година изнесувала околу 2.950 евра. Просечната нето плата која им била исплатена на вработените во Германија, меѓутоа, е значително пониска, поточно 33 отсто пониска - и изнесувала 1.945 евра. Зад тие речиси 1.000 евра разлика меѓу бруто и нето износот стојат давачките кон државата во вид на данок и придонеси за разни осигурувања. Висината на данокот, кој месечно се одбива од платата, притоа, зависи од даночната класа на вработениот (1-6), која пак, зависи од тоа дали тој живее во брачна заедница, дали е самохран родител, дали работи неговиот брачен партер, заработува ли едниот брачен партнер значително повеќе, дали работи на повеќе работни места...

Нето и бруто платата во Германија

За да покажеме како тоа изгледа во пракса, пресметавме бруто и нето плата во два случаја: за еден брачен партер кој повеќе заработува од другиот, има 2 деца и просечна плата од 2.948 евра месечно и за самец без деца кој има иста плата.На таткото или на мајката на двете деца - откако ќе им се одбијат 167 евра данок, 215 евра (7,65%) придонес за здравствено осигурување, 274 евра (9,2%) за пензиско осигурување, 36 евра (1,25%) за осигурување во случај на невработеност и 45 евра (1,525%) за осигурување за нега во староста - на сметката остануваат 2.029 евра. Кај лицето, кое живее без брачен партер и нема деца, на сметката на која се уплаќа месечната плата во бруто износ од 2.948 евра ќе се најдат само 1.944 евра, бидејќи данокот кој мора да го плати е значително повисок. Освен тоа, мора да плати и 22 евра данок за солидарност од кој мајката или таткото со двете деца од претходниот пример се ослободени. Ако притоа е и член на католичката или протестантската заедница, тогаш на неговата сметка ќе се најдат уште 40 евра помалку.

Најдобро и најлошо платени професии

Просечната плата, меѓутоа, е апстрактен статистички податок кој не зборува многу за тоа колку добро или колку лошо се платени вработените во одделни бранши. Разликата меѓу оние кои се на врвот на листата на примања и оние кои се на нејзиното дно е огромна. Докторите примариуси заработуваат во просек над 120.000 евра годишно, значи, над 10.000 евра бруто месечно, малку помалку менаџерите во трговскиот и финансискиот сектор, а 30-тина илјади евра годишно помалку докторите специјалисти - и тоа без кадровска одговорност.

Повеќе:

-Многу работа, мала плата

-Минималната плата не заштитува од сиромаштија?

-Нега на стари лица- за мала плата и навреди

Оние на крајот на листата се жалат дека едвај составуваат крај со крај. На неславното последно место се наоѓаат помошниците во кујните, кои заработуваат во просек помалку од 2.000 евра бруто месечно, додека келнерите и фризерите, заработуваат 10-50 евра повеќе. Меѓу најлошите платени професии се агентите во кол-центрите, куварите, помошниот персонал во стоматолошките ординации, негувателите и возачите на камиони. Значително пониска од просечната германска плата имаат и медицинските сестри со мало работно искуство (во јавните здравствени установи), како и негувателите во градинките.

Повисоки од европскиот просек, пониски отколку во Швајцарија

Значи, дали се високи платите во Германија? Од македонска перспектива и тоа како. Треба притоа да се нагласи, дека тука секогаш  станува збор за уредно регулираните, пријавени и платени работни односи. Работењето „на црно“ е надвор од сите овие статистики - и закони. Платите во Германија се значително повисоки од европскиот просек, но пониски отколку во Швајцарија, Луксембург и Данска. Тоа го зборуваат „голите“ статистики и бројки. Но, кога зборуваме за висината на платата, секогаш е важно да се гледа и поширокиот контекст: колкави се животните трошоци, пред се за храна и домување, каква е ситуацијата на пазарот на труд, колку се платени одделни професии. Корисно е, на крајот, да се знае и овој податок: во 2017 година едно германско домаќинство во просек потрошило 2.517 евра, од кои 897 евра само за стан и режиски трошоци.

Промовирани огласи »

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »